сеф (м.)

Денес колонска вода се произведува во модерни фабрички простории, но постои едно правило: рецептот за производството да се чува во специјален сеф како тајна која може да ја дознае само наследникот на Фабрикантот и никој друг.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Богатството си го чував во сефот во телевизорот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Можеби ќе биде подобро да го задржам во мојот сеф.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сефот го отворав кога морав, а кон оружјето отсекогаш имав аверзија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шифрантот Иваз уште од самото мое влегување во амбасадата ме задолжи со редица општи и тајни прописи кои морав само јас да ги знам и да ги чувам во мојот челичен сеф, заклучен со шифра што ја знаев само јас (а можеби и шифрантот).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)