сетило (ср.)
Тука лежела таа, гола и жедна нива, и чекала да ја оплоди, да ја осмисли во нејзиното постоење, а тој, чувствувајќи го нејзиниот мирис повеќе од свест отколку со сетила, ги одморувал своите дланки на сомотски врелиот стомак.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Не знаеше и не се бореше да за не сонува ли или повторно доживува или сега за прв пат влегува во оној настан што можеби еднаш го дожевеал само како мисла, како колебливост, како туѓ настан, што расне во ассоцијации на сетилата-од линија или звук или мирис, или се заедно, и стои како недогледен пламенен столб збуцан во темнината. Како вжарен нож.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Прстите ноќе го бараа тој белег, беа немирни, играа со оган, и не беа прсти туку, пет, сто, повеќе сетила.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Но да им се вратам на почетоците. По нешто, сеедно дали бев известен или моите сетила беа со претскажувачка сила, знаев дека проживеаја многу ноќи во треска.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Очите се покоруваат на тој напор и не гледаат туку мислат: невозможното преплетување оформува полека одредености разбирливи за сите сетила.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Можеби сетило дека по неговите траги врвиме лисицата и јас па сакало некако да прикрие на која страна отишло.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Гледаше во нив и се намалуваше заедно со сите свои сетила и болката во раката.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Му се чинеше дека невидливи пили ги стружат жиците на неговите сетила.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Светот е во него, во неговите мисли и чувствувања, полн и бучен што му ги запленил сите сетила и ги оттуѓил од тоа што е навистина стварно пред неговиот поглед.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не верувам дека завршило со берењето, туку нешто се сетило, сака да праша.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Кога дојдоа на патот, почнаа да бегаат колку што можат и не можат, од страв да не ги сетила лисицата.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Тоа се трупа полека по хумусот на мојата снага по мислата по сетилата по плодот на земјината кора.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Соколот има бистро око, остар клун и сетило за мирис...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Денес никој веќе и не може да знае дали барала смиреност во фантастичната симфонија на Берлиозовиот дух, тој тиок признак на романтизмот или, надразнувајќи ги сите свои сетила, наоѓала толкувања за мистицизмот на Дирер, или, исто толку веројатно, треперела над таинственоста на стиховите на Гете.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По нешто, сеедно бев известен или моите сетила беа со престажувачка сила, знаев дека проживеаја многу ноќи во треска.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сакал да се нурне во тајни и да ги почувствува со сите сетила на својата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тој не определил веднаш дали непокането се снове меѓу заспаните човечко суштество или дивина чии сетила непогрешно го пресметале мигот кога да ѝ се доближи на умртвената глутница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но и во таа бучава, во таа состојба кога треската го истиснува месото и го извртува човековиот дух како одрана кожа на дивина, со опачината на внатрешните сетила да доживува измислени и замислени настани, ги слушаш двете птици зад сплетениот ѕид на колата на која лежев: разговараа со гласовите на двајца од дружината, на оние што пред тоа си ја голтаа плуканката споменувајќи жена или жени и можеа да локаат анасонка, да пеат, братски да се прегрнуваат и пак да се морничават од копнеж по женско ноќно збивање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Спрема тоа човекот живее во оној слој од стварноста што за него го издвојува надворешниот свет а тој може да го види и преку своите сетила и да го изрази преку својот јазик.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)