сесија (ж.)
Поради тоа е вообичаено учесниците на ЛСД сесиите со себе да носат музика која најмногу ја сакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сесијата очигледно беше завршена. Иглата се зари во раката на Винстон.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пред да завршиме со оваа сесија, можеш да ми поставиш неколку прашања, ако сакаш.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Понекогаш се расплачуваше по пет-шест пати само во текот на една сесија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во Париз се одржуваат последните сесии на разрешената историја, големите меѓународни конференции со кои се означува мирот по светските судири, големите војни кои доведоа до падот на колонијализмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Иако симпозиумската сала беше речиси празна, професорот Седларски ги сослуша внимателно воведните објаснувања на претседавачот на сесијата а потоа, откако го остави своето сако’ на една од празните столици пријде до микрофонот и се заблагодари на дадената можност да претстави една од загрижувачките појави која досега не била предмет за сериозна расправа на ваков висок собир.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Еден од заклучоците на сесијата зборува дека државните органи треба да заземат позитивен став во однос на независните театри.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ѓорѓе замина во Белград со мисла дека Рада ќе му се врати по завршувањето на испитната сесија.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Па, ја пропуштив јунската сесија и сето учење ми падна во вода.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Оваа испитна сесија ми одлета заедно со умот по тебе.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ме чекаше малку напор со испитната сесија, но се надевав дека ќе успеам сите работи да ги средам на време и се молев на Господ да биде со мене кога ми е најпотребен.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Притиснати од мноштвото неразрешени турцизми кои го очекуваа нивниот конечен суд, тие решија, откако ќе го разгледаат и последниот збор од првата серија милет, на секоја сесија да реферираат за по пет збора, секој одделно, до исполнувањето на замислената листа од сто зборови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски, задржувајќи ја иницијативата, дури и сакаше веднаш да предложи серија од први десет најопасни турцизми, на кои требаше да им се посвети сегашната или наредната сесија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XLVIII Пред и по секоја работна сесија Татко и Климент Камилски влегуваа и излегуваа од нивните единствени библиотеки на Балканот, според разновидноста и необичноста на собраните книги, со мислата дека и обајцата се впрегнати во историска мисија, а кога ќе бидат познати конечните резултати од нивната работа и ако Бог им помогне тие да бидат објавени, ќе се дознае на Балканот и подалеку дека нивниот труд не бил залуден.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)