сергија ж.

сергија (ж.)

Кај Мицка Мојсовски пак, ене, растоварил дедот Билјар два товара волна. Не ја носи на пазариште да не плати две банки сергие.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
ВО ИСТАНБУЛ секој тргува: од оние во што целата сергија ја носат на раце, па до оние што имаат дуќани во „Таксим“ - најелитниот и најбогат реон на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се прескока преку сергиите за да може да се помине, да се направи пат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Како мал го носеше татко му кркач на манастирски празник, кога во дворот меѓу црквата и конакот беа поставени сергии со барчиња како свирчиња, зашеќерени јаболчиња на стапчиња, прапорци за угичи и порти и прапорчиња за сугариња и капиџици, картонски маски за очите со ластиче преку ушите до тилот, медени колачиња тврди како пилешки срца, до колобајчиња во различни бои, а и шарени како градски велигденски јајца.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вториот ден од панаѓурот, веќе вознемирен дека времето брзо поминува, а тој ништо не прави, кандиса некако еден од манастирските измеќари да остане на сергијата наместо него, колку тој да ѕирне лево и десно.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И, куц-куц, ајак-ајак по снегот и по мразот, вртејќи крај големата панаѓурска сергија со грнци, вино, месишта и лебови од манастирот, Петре си коваше еден свој план.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)