сепнува несв.
сепнување ср.

сепнува (несв.)

Зарчето се сепнува од опојот на своето вртење околу себе, подрипнува и стивнува, квадратесто, бело и мртво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Арсо ожесточено го закопува длетото во влажната мекост на нечие тело и се сепнува од тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Чичко Мудроглавец, Чичко Мудроглавец! - го сепнува детето нов, пискав глас.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се сепнувам: - Не си миен! - Не си чешлан! - Не си облечен!
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Детето брзо зема камен, но пред да замавне, го сепнува нечиј засипнат глас: - Што правиш тоа, малечок?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Уште едно кафе, стари? – го сепнува зарипнатиот бас на келнерот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не смеј се! Навистина си таков. Мажиште! Затоа и се прашувам: дали се сепнуваат?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Но веднаш ме сепнува прашањето: зар е само тој таков кога се во прашање жените?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сепнуваат сѐ околу себе, а тие како во облак - недопирливи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Неговата величествена воздржаност, исправениот машки стас, и бојата на гласот, те сепнува на момент, мислиш машки ’ржи како лав.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)