сентименталност (ж.)
Еве, го, го гледа веќе безобличниот човек, виновникот на неговата кловновска сентименталност, на неговото паѓање.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Не поради некаква сентименталност, туку едноставно што знаеше од искуство дека многу работи што однапред ги планира човек - не секогаш се исполнуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Доста сентименталност. Слабите и неспособните нека живеат од спомени. Тие нека тагуваат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не разбираа ништо од тоа што се зборуваше, но како што луѓето околу нив се собираат така тие се плашеа од сопствената сентименталност поради двајцата заробеници.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Откаде ова перверзна сентименталност? –се зачуди.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Навечер, додека тој го јадеше својот стек, седев на масата со него и го разгледував неговиот ракопис, просејувајќи по нешто од тоа купиште на сентименталности. Беше ужасно.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но токму сентименталноста знае да ја поттикне избрзаната реакција која по правило е предводена од непромисленоста па дури и глупоста.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Командантот беше упорен: „Да не губиме време во сентименталности, со митралезот, горе, а вие, госпоѓо, или во подрум со децата или барајте друго чаре!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, и тоа беше подобро од преголемата сензитивност, сентименталност и филантропија на Ворен кој го замислуваше светот како Woodstock, како еден голем, сеопфатен хипи концерт, како една глобална комуна.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Но ја видов крај реката со здолниште над коленици, блузонот со длабоко деколте, ги отскриваше како бели јарки, нејзините сентименталности пратени со петинг.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Егзистенцијалност, на моето постоење Се сплеткав во канџите на твојата сентименталност и сензот го отуѓив...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Томо ненаучен на родителски сентименталности, кратко се поздрави.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Измешаните насилство, сентименталност, лажност и театралност на емоциите што се во средето на конфликтот го претвораат семејството во постојано место на мелодрама.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А штом ќе се обележат со таа етикета, страдањата им стануваат еднакво несериозни – и, на крајот, еднакво потенцијално смешни – како жените и рајата од средниот сталеж чии страдања презрениот жанр на мелодрамата, со својата изместена сентименталност, ги сфаќа сериозно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо да го надминеме тајниот срам и самотните задоволства на својата сентименталност, како што сакаме да мислиме, ние многу грижливо сме ги ставиле в плакар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)