селотејп (м.)
Го остава телефонот, со писмото во рака, ја отвора горната фиока – има сè: копчиња, селотејп, кутиче витамин Ц, но проклетите ножички никаде ги нема.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ги мести своите скршени наочари што се држат со селотејп.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Можеби оваа изјава вешто ве потсети на некоја епизода од серијалот „Зад границите на возможното“, но фактот дека ваквите ситуации ги решавав со селотејп и парче хартија, неочекувано брзо ме ослободи од тешкиот глобален товар врз спорниот патоказ.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Посебно ми беше смешно кога татко ми го извади апаратот и во таквата како божем семејна атмосфера со полуавтоматскиот апарат облепен со селотејп на разлабавената поклопка за батерии, со тој апарат отчука две фотки.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)