селидба (ж.)
Господи Боже, отворени беа страниците на вековите тие музи и мириси што раскажуваа некакво будење и селидби...
„Чекајќи го ангелот“
од Милчо Мисоски
(1991)
Татко ми беше среќен што куќата имаше многу широки и длабоки долапи кои можеше да ги исполни со своите стари списи, книги, мапи, ракописи, спасени од неколку селидби и војни, пожари и поплави.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тој беше внесен во селидбите и нивните последици, толку внатре во себе уплашен дали ќе се вкорени во новата почва, зашто не беше лесно да се откорне семејството, со генерации врзано за една земја, да се приспособи кон животот во друга земја.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
X Смртта влегуваше и излегуваше во нашето семејство кога сакаше во времињата на војни, селидби, суши, глад, брзо умираа повеќето од кревките мајчини рожби.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сите чувствуваа дека оваа селидба е нешто повеќе од обична промена на местото - ако ништо друго, нашиот сребрен период сигурно беше завршен, сега бевме во бел.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Војните, селидбите, страдањата биле неизбежни.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Овие книги, толку пати спасувани низ сите наши балкански селидби, книги кои нѐ спасуваа според верувањето на Мајка, по падови на империи, војни, пожари, селидби, завршуваа како последен мост, како последен тесен премин кон близината во која вечнееше Татко.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога луѓето се делеле пред селидби го измислувале, го повикувале нивниот бог на помош.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Се обидуваше Татко, продолжувајќи ја играта со патот на јагулите во мислите, преку инстинктивната миграција на птиците, да дојде до вистини за селидбите на луѓето, на народите, на своето семејство.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Само што ќе го наслушнете
внатрешниот Глас
алхемијата на домот
веднаш тргнувате
ни риби, ни змии
на далечен пат, само вам знајниот
Млечен пат од слатки и солени води
на деноноќни бесони патешествија
во кои го составувате
едниот крај на светот со другиот
па повеќе не е јасно дали егзилот е траума
или радост на преселбите
да се биде
и таму, и ваму
од светот да се направи меѓусвет
секогаш да недостасува нешто суштествено
од едно и едно да се направат три
носталгијата да биде дискретна смисла
на опстанокот
која ревидира сѐ и повторно ги дефинира
и селидбите, и враќањата
и татковината, и туѓината!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И сега молчиш во магијата на песната вљубен,
во раката со благовест, и небиднината да те види
среде маски, среде глоби, да не бидеш изгубен,
тајната – света селидба и пристан да ти биде.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
25
но ти не се враќаш
само јас се играм
и во занес, и во очај
зашто ништо нема моќ
нема такво време
ни таков живот
обнова нема
близина блага ни блаженство
зашто далеку одовде
ги нема милите предмети
нема реки ни планини
нема езера ни миризби
и кајшто ги има
зашто сѐ е црвен кантарион
отсега па натаму
лековита но горчлива
пресеклива трева, жива лава
и сѐ е грешка
и нема помирување
и другото е друго, трето
и сѐ се брои
а ти си единствена, неделлива
грутка, Младост
и мака и мак, и зрнце царевка
царска приказна
полна пресврти и препознавања
делби и разделби
неразрешливи заплети
- и душата ти е водена низ мрак
од незнаење кон знаење,
трагично, Аристотеле –
зашто некој ја негува
уметноста на фугата
бегството, селидбата!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Потоа новите жртви на неговиот народ натеран на нови селидби и на светско расејување што продолжило и наредните векови од новото време.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Така велат доселениците од Македонија за пропаѓањето на Венеција: ако било пишано да се пропаѓа, тогаш нека се пропаѓа барем отмено, сосе Венеција - живо сведоштво дека на селидбите на Македонците сепак не им се гледа крајот и од највисокиот морски светилник
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тука, на плоштадот Свети Марко во Венеција доселениците од Македонија неодложно се потсетуваат дека од памтивек се навикнати на печалби и селидби, навикнати се водата постојано да им е до гуша во живеачката, навикнати се и кога пеат да ја колнат туѓината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Тие се уверуваа еден со друг, но секој со различни аргументи, дека само во јазикот се чуваат сведоштвата за сите човекови делби, распнувања, големи селидби, трагизам, човековата историја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)