селективен прид.

селективен (прид.)

Но секој обид општеството да се предочи како конзистентен модел нужно е обид кој, за да биде селективен, арбитрарно одредени начини на општествен живот ги прогласува за норма и, според истата логика, сите други феномени ги класификува како ненормални: или како резидуум на минатото кој евентуално ќе ја изживее својата цел и ќе исчезне, или како некакви туѓи елементи кои што мораат да бидат искоренети или маргинализирани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но со сигурност негов наследник ќе биде еден од оние десетина генерали кои на времето уште како матуранти, по силниот селективен избор на најдобрите, биле испратени на студии и специјализации во најелитните универзитети во САД и во други европски центри, да се наоружаат со знаење во повеќе дисциплини, во воените, безбедносните, разузнавачките.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Солидно решение ако проектите можеа да се направат и без пари“ - објаснував, незнаејќи дали тоа одекнуваше во општата селективна битност на настаните, која никогаш не подразбираше статичност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Сепак, воведена е можноста за намалување на правата и тоа, pro futuro, може да има негативни последици врз статусот на работниците; б) измените на ЗРО (1993) од 2000, на ист начин, селективно ги намали „овластувањата“ на колективните договори.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во секоја културна и јазична средина се јавува потребата, во кратки временски растојанија (интервали), да се обновуваат постојните изданија и да се подготвуваат нови, селективни и авторски, избори од светскиот расказ.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На десниот тас само убавини: слобода, неодговорност, неприсутност, селективна радост... осаменост.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)