селанин (м.)
Ако сретне Ѓупци или сиромав, селанин, носот го затнува, дишењето го запира...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
А за да го убеди началникот оти навистина се посрби, почна да ги брка своите селани — воени дезертери, што не сакаа да се борат против пријателот на Бугарите — Австроунгарија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наместувајќи ја во клупата, тој со навирени очи се обрна кон присутните родители: „Драги селани и браќа!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Беше војна. Како и сите други селани, и Језекил сега ги копаше и ги посеваше со јачмен и со пролетна јарова пченица подновените нивки по шумските чистинки и по присоите крај нивното село.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— Е, море бег, пет даду и јас. Не можа да се дела од село и селани — одговори со натажен глас Трајко.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А пијан а непијан, вели Јосиф, Лазор на луѓето им внуши храброст да почнат отворено да зборуваат против Хаџи Ташку и дружината, граѓани и селани.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Прашањето на стапувањето во индустриската ера ќе постави бројни проблеми, како на пример, во прв ред, откорнувањето на сиромашните селани и нивното упатување кон мануфактурата и индустријата...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Спикерот продолжуваше: – Другарки и другари, селанки и селани, младинки и младинци, ни претстои голема сенародна акција.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Селаните ти се еден недоверчив, а прониклив свет, се сеќавам на зборовите на Владета историчарот (да, така рече, прониклив свет!).
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)