секому зам.
секој зам.

секому (зам.)

Секому радост му дошло оти Аџи Силјан си дошол и отрчал да го види и добре дојде да му рече.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ама сѐ, сѐ имаше стокмено за сите тројца браќа, та дури и три поскурника и три толчника беа настаменети. Секому по толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога ќе се разбранам и толку развилнеам та да се кренам, да стигнам насекаде, да давам секому сѐ што ветувам и како далга неукротена од брег на брег моќно да прелетувам?
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Марија, насмеј му се в очи секому кој ќе ти рече дека овие дланки умреле.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Говореше со искривена уста покажувајќи го со радост секому својот златен заб и уште ако кон сетоа тоа ќе се додадеше дека неколку дни прет тоа совлада на ринг некаков бистроок и црн Романе, јасно можеше да биде дека не можеше а да не го гледа со потсмев тој што дојде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Нивното бојно поле - денот се подаваше во еден замав на нивна крвава пресметка, земајќи ја бојата на секој од тие ветрови, а како своја залога препуштајќи им ги ним токму своите облаци, секогаш и секому само онолку, колку што можеа да си одземат, да си извојуваат еден од друг овие двајца лути противници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледам, - рече Змејко, како што би му рекол секому. Сакаше сѐ да сведе на тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Навистина, тој беше доста далеку од многу сртови, навистина -можеше да биде малку погоре, во една од погорните шпели, но барем успеа да си ја зачува затскриеноста, а тоа секому би требало да му биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подруго е да ги стрижеа твоите овчји грижи - секому дај и пак тебе животта да ти е полна...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Се нагрвалија околу вреќите. Шаќир почна да тура секому по еден грст црн прав и по една рака куршуми.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во вагонот милосрдната сестра е сѐ: и лекар, и интендант и господ: дели по малку од водата, од лебот, од лековите; не остава да се моча по сламата, секому му подава кофа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сега секому му се брза, никој нема време, а понекогаш и доволно нерви за да ги издржи секојдневните судрувања со луѓето на овој современ , динамичен свет.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разбира, добри мои, секому му е јасно дека оваа мала приказна сака да ни каже дека треба да го цениме времето, дека времето тече, не чека.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Добровечер, добровечер - секој секому да рече.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А гледај ги... си сркаат од манџата со ниско наведнати погледи, тие довчерашни домаќинки што знаеја за три села, гозби да зготват и секому в очи да погледнат со гордост.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Колку е себичен човекот, господе, и болката своја не ја дава секому.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Честопати се гледаме како секој да му е крив секому.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секому по малку, колку да не му падне курето од гледање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај нив, во куќата секој секому мајка му караше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Затоа му се подавала секому во селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Повеќе