секнува несв.
секнување ср.

секнува (несв.)

Сонцето што изгрева а не заоѓа ѕвезда што не гасне птица што не секнува.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Јас ги натурам и Ѕвездана и Капинка. Им ги осекнувам носињата и ги замивам околу устите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се наведнувам да нацрпам вода, да се напијам, ама штом ќе се наведнам, водата секнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мрсулче мое златно, вели, и и го осекнува носето, ја поведува за рака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тенорот го подига последниот збор и гласот останува за миг да виси во растреперениот ноќен воздух и секнува песната колку за да чукне срцето посилно, градите да се наполнат со воздух.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секнуваат модрите жилички под проѕирната кожа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури и реките секнувале, и езерата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Долу, во селото, секнува камбаната.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ќе ги извадам и кофите, зашто и така, од преголемата употреба на водата од водоводот за вадење на бавчите и градините околу куќите, лете повремено секнува водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ти обневидува видот, па не го гледаш тие тоа сите што го гледаат туку ти се привидува никој што не гледа; ти секнува жедта, па не го чувствуваш јазикот како ти талка по сувата уста како давеник што не сака да слушне за вода; ти гасне гладот, како излишна потреба да се наполни утробата во привидна компензација за секој неуспех во животот; ти се нивелира вкусот, така што ти е сеедно дали пиеш изворска вода или жива сода; ти испарува мирисот, освен на хризантемите ако воопшто испуштаат нешто додека рамнодушни ги ставаат во китки на свежите гробови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Секнуваа турските песни по сокаците.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
(напати ти се привидуваат пештерните манастири околу Белото, лихт луминозно езеро - она понасевер од Делфи и од Костур - светилиште само по себе облиено со внатрешен сјај од белки на монахинка среде коишто, во драматичен контраст се вовира зеницата, духовниот рез); - многу мислиш, а малку искажуваш јазикот за тебе поскоро е молвење од разговор, сѐ е ВНАТРЕ и ти, и Тој, и исказанието и дослухот меѓу вас и предметот дури се вовлекува во тој, невидлив за другите, Круг; - и повеќе не правиш разлика меѓу искреноста и вистината со денови се повлекуваш во себе секнуваш, понираш, остинуваш стаписан, онемен, оти си согледал: не е лесно да се биде искрен!; - и повеќе не е битно дали нешто те повикува без престан да му припаднеш, сестро Варваро или просто посакуваш од дното на душата од нејзината небесна бездна да постоиш блажено во согласје со себеси и навистина повеќе ништо друго не е суштествено освен: да ја бараш сопствената сенка сѐ додека не си соѕидаш самица а во неа си - Лице без сенка: м-о-н-а-х!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На десетици ражни се печеа јагниња и орото и песната секнуваа дури по заодот на сонцето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Трајковица удри да се кара, да колни, леле ми го изедовте Трајко мил, леле Трајко шо ме остави сама, леле јас пустата сега без тебе сум без очи и опуљ – плачеше Трајковица и колнежите не ѝ секнуваа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Протекоа годините. Секнуваат генерациите кои го доживеаја и преживеаја злото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Фајде нема ле душо... - прекинува гласот, секнува и кој знае, се прашува ли, дали фајде нема од шеќерната калеша чупа која е неверна или од утехата што самиот си ја дава.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)