секавица ж.

секавица (ж.)

Темно е, не се гледа прст пред око и само од време на време кога светнува секавица, Мече со ужас гледа дека се возат не на чун, туку на шаварно острово ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Дури едно време по полноќ можеа да се забележат и секавици, кога грмеа топовите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И додека секавиците во далечина одблеснуваа, и нему секавици му минуваа низ телото свртувајќи се одвреме-навреме кон колибата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Исус ги успива Света Елена и Мајка Тереза, Носи жолта кошула и самотник Во своето дрво создава зелена светлина, Северници и секавици.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
го врти ко пергил, ко шупливо оревче, далги ко куќи, ко ридови, небото го досегаат и тогаш многу повраќавме на бродот, ете, си велиме наспроти глава ни било трчањето, ама враќање нема, гледаш само вода и сонце, сонце над водата, сонце во водата, ѕвезди над нас и ѕвезди под нас, мислиш си залидал некаде во небесата, меѓу секавиците што се палат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како во облаците молњите, коњите Небесни, разџилитени, заскитани секавици, Разлетани жар-птици, пламеници.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Проведен сум, значи воздух сум, Ветре небесно, ветре невидливо, Тело без тело, движење непредвидливо Нешто летливо, диво, недопирливо, Може сум облак проѕирен, недопирен, Може секавица со него покриена, Може светлина уште неоткриена?
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Ноќе им ги гледаме англиските куршуми: светат ко секавици и по двапати пукаат. Дум, дум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Море, цели секавици си фркаат меѓу запците од чешелот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа се насетуваше неговата реа, мирисот за да те голтне како секавица.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Секавици заради жештинава“, рече тој и замина да спие.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше измаглица во маглата на темнината, и ова место беше ничие место, и овде воопшто немаше ни година ниту час, само овие луѓе во безличната празнотија на ненадејниот мраз, бура, и бела грмотевица што се движеше зад големиот стрмен панел од зелено стакло — секавицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Гаснат убавите очи на светецот загледани во најубавото, разбеснето небо, гаснат очите додека првите секавици го шаркаат намуртеното, разбранувано езеро.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Преку хоризонтот во тој миг пулсираа тивки топлотни секавици што можеби предизвикуваа пожари во плевни некаде во Индијана.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Како секавица ми поминува мисла Дојдени се!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Големата шамата стигна до човекот во главата на возот и оти што туку се засилуваше успеа да го запре со неколку повлекувања на кочницата чија сила помина под вагоните како миговна секавица среде лето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Откликнува птицата, меѓу отсјајот на секавицата и есенската грмотевица над Париз.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Усните му беа бузлести, влажни, како џигер посинети и со некоја растегливост поради која час оставаше впечаток на човек со шарм, на ведро небо на кое сепак се појавуваа секавици што оддаваа опасно зол човек.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Веќе се дени, а јас неброено пати од постелата до прозорецот, и одново до постелата и одново до прозорецот, сѐ дури сам себеси не се фатиш за гуша и не се обзираш што крикнуваш: твојот крик како секавица ја преполовува ноќта и ти којзнае по кој пат осознаваш дека без себеси не се може.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Повеќе