седми (прид.)

Седми и осми клас веќе не постојат. Се откажале мајчините галеничиња од српски, француски, алгебра, историја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Меѓу тие ветви саблерски колиби, во таа пролет, илјада осумстотини деведесет и седма година, се гради нова зграда...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Петтиот - не, не, не... Шестиот, седмиот, осмиот, осумнаесеттиот, сите - не, одговаравме во хор.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тогаш попот трипати се прекрстил и повикал уште еден ангел, шестиот или седмиот од Јовановото Откровение, да го заглушува светот со труба: врз една третина луѓе од земјава се наднесува смртта со исклештени триесет и два заба, доаѓаат илјадници и илјадници киклопи во огнени, синомолскавични оклопи под лавовски гриви, опашите им биле двоглави змии. Морничаво и печално.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бевме седум ученици: на прво место Љакето, тој што кркна тресеница од татка си на свети Никола; Нешко на Мија Метелов од Долно Маало, Ноаче на Дамјана Вржов – се сторија три, па Моне на Тасета Ќутурко- четири, па јас и бате Николче наш (после ќе видите што унер беше со бате Јолета наш) и седма беше Ѕвезда, чупиштето на Павлета Ќорвезирот, како што ја викаа зашто таа само со нас машките се дружеше и наместо да игра со крпчиња и игли, таа барабар со нас делкаше пушки и јатагани.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По тренингот на подмладокот започнува натпреварот меѓу екипата од седмите и екипата од осмите одделенија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Им се удоволи и продолжија заедно и во шесто, и во седмо, и во осмо одделение.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Што има вечерва на четвртиот канал, на седмиот канал, на деветиот канал?
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
ГРИНАВЕЈ: Покрај тие влијанија („Седмиот печат“ на Бергман, Ален Рене со филмот „Минатата година во Мариенбад“, Борхес... - заб. на прев.), од практична страна, не знаев како да почнам и бев во недоумица, како многу луѓе што денес ги среќавам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А кутриот змеј, заостанато лице без простор, во седми месец блуе сув јаглен, го чека аукторот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И уште нешто... Не, за тоа нешто ќе ви речам откако ќе ја извршиме задачата со приредбата, на седми септември навечер, во пресрет на Денот на независноста!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И бомби паднаа утредента, на многу места во градот; и болницата ја разурнаа кај Градскиот саат, иако, целиот покрив беше прекриен со голем црвен крст; и добар дел од оние што беа полегнати по креветите и очекуваа помош ги развеа ветрот со големата лопата на смртта; бомбите само касарните ги поштедија, чудо невидено; а тој, мојот маж а твојот татко, гледај го ти него, го лашти зелениот форд; селото гори баба се чешла; го светнува, го дотерува, како божем на свадба ќе го носи, и во понеделникот, на седми април, точно според барањето на известието, се качи во автомобилот и замина кон касарните.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се барало да се изврши размена на затвореници, состанокот да се одржи на седми октомври наместо на шести.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Градеа без престан шест дена. На седмиот седнуваа да отпочинат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓутоа, на седниот ден (ох, каква болка, ох, ужас) забележуваа оти сѐ што соградиле за шест дена, на седмиот ден им се уриваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Останале само шест гроба. Таму е гробот на Борко, како седми.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Есен е, а беше крај на пролетта кога го закопав Борко на гробиштата во Долнец. Беа шест гроба над водата од езерото, нашиот седми.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Има право Боце кога вели дека седмиот ангел труби, самиот тоа го чувствуваше, но зошто нејќеше да ѝ погледа на вистината в очи - од некаква жалост, не за себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ми смета што комшиите ми ги бројат ќесите кога се враќам од Тинекс; кога црни коли со црни стакла се паркираат у трава или пред Ристиќева; кога не можам да отидам на базен у зима, пошто некој шапшал не платил нешто; кога не можам да се отарасам од бубашвабите, пошто комшијата од седми немал 80 динара.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Повеќе