своеволно (прил.)
Не ја разбирав смислата на молитвите и своеволно ги изопачував чудните, неразбирливи зборови - Оче наш, иже јеси, Стане беси.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Ќе признаам, многу се изненадив кога уште при првата средба со почитуваниот Никола Леко открив дека тој нема разбирање за моите постапки а таква судбина имаа и аргументите кои требаше да го оправдаат моето однесување откако прифатив своеволно едно од ропствата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во ЈКП „Дервен“ – кадешто работат преку 250 вработени првенствено по партиска линија, во зависност од која која од двете најголеми партии ќе ја освои локалната власт – денес постојат два синдиката во кој своеволно и на недемократски начин е поставено раководството – кое само ги информира своите членови за направениот избор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)