своевидно прил.

своевидно (прил.)

Од друга страна, настојувањето на „Стремеж“, секој автор чија книга ја објавува да ја придружи со негова размисла за неговиот сопствен опит, може да претставува, исто така, едно своевидно проширување на теоретскиот дијапазон, што ќе го зголеми нашето книжевно искуство, што ќе формулира од денешен аспект некои пунктови на нашите естетски стојалишта, и, што е од особено значење, - ќе ги открие, невидливите јадра од кои зрачи посебноста на приодот кон поезијата на современиот македонски автор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во Париз претставува своевидно доживување да се посетат неговите цркви, кои се стари стотици години и затоа секоја од нив е споменик, колку значаен за историјата толку и за уметноста, зашто навистина секоја од нив има своевидни знаменитости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овие сликари кои живееа заедно и сочинуваа своевидно социјалистичко гето, збунето го насетија познатиот отпечаток, оној кој бидува втиснат еднаш засекогаш, отпечатокот на човекот кој го почувствувал, макар и за кратко, притисокот на тоталитарниот режим.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Доживува своевидно мистично искуство.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)