своевиден (прид.)
Но таа праведност, како што рековме, се разбира инаку од Грците, Србите, Власите, Бугарите, па и големите држави, покровителки на малите, се јавуваат како претставнички на своевидни праведности.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Цркви на сите страни. Особено е своевиден монумент црквата Свети Никола под Храдчани. Во барок градена во 19-тиот век. Со огромни портали.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Колку убавини да се среќаваат во Париз, сепак, кога се слуша за неговите идни развојни концепции, кои треба да станат стварност по триесетина години, кај секого оживува своевидна заинтересираност, зашто се смета дека во периферните длови на овој град ќе изникне нешто екстравагантно, нешто единствено, зашто се знае дека тоа се случува во најубавиот град на светот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Македонските научници - астрофизичари со интерес и како своевиден раритет на посетителите им го покажуваат ова некогашно засолниште на љубовни авантури на француските кралеви, за да можат на ваков начин полесно да ве внесат во тајните на астрофизиката.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Може сум, може не сум, своевиден, а невиден, Може сум зрачок иден, соновиден Или оној кој допрва иде за да биде виден.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Влегувањето во црквата беше своевиден свечен чин, зашто со тоа секој му се претставуваше и на Бога ама и на луѓето, чии очи највнимателно ја следеа секоја постапка.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Организираното истражување, создавање и испитување на можностите и дометите на оваа своевидна деструкција на традиционалната линеарна литература во пракса е започнато на Браун универзитетот, а напоредно се прошири и на голем број универзитети во светот, во рамките на наставата за книжевност и креативно пишување.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во постмодерната ситуација во која што доаѓа до губење на авторитети, може да се забележи „своевидна ‘несериозност’ на поединецот“, уште повеќе, може да се зборува за еден механички непетрифициран поединец или за идиосинкратичноста на поединецот („за карактеристиката на поединецот да ѝ се измолкнува на шемата на идеологијата, да ја негира нејзината претстава за неговата пластичност“).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тоа значи дека дрогата поттикнува изменети состојби на свеста, во суштина единствени, а патиштата до нив се различни, според тоа, и творечкиот процес не е посебен продукт на психофармаколошкиот ефект на дрогата, туку е само поттикнат на своевиден начин, исто така како што може да настане спонтано, како што и најчесто е случај во творештвото.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Просторот е недоволен да се потцртаат основните проблеми, и да се назначат главните струи, сепак, ако ништо повеќе, низ текстовите провејуваат некои од основните контроверзи на феминистичката филозофија: дали е воопшто можна и како?, може ли да се даде нов своевиден потстрек за решавање на философските “проблеми”?; во која мера е блиска со, и зависна од постмодернизмот, идеологијата, желбата за превласт.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Своевидна убавина, тоа може да се рече за мене. Портрет, тоа сум.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Своевиден излез од лавиринтската заплетканост во сета сложеност на ова прашање наоѓаме во еден запис на Влада Урошевиќ кој датира од 1965 година.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Цртежот на одделни знаци на глаголицата е толку своевиден, што низа истражувачи го сметаат за плод на оригинално творештво на Кирил.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Се сеќавам на влезените божилаци низ витражите во париската катедрала Нотр Дам, како своевиден празник на боите.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Колку што повеќе настојуваше да го оправда постоењето на Атеистичкиот музеј, тој сѐ повеќе ми наликуваше на своевиден концентрационен логор на душите...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дали тоа беше влијанието на преобраќањето, претворено во своевидна рамнодушност спрема самиот верски чин?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Другата наративна линија му припаѓа на гласот на Симоновата жена Агна, чии размислувања/белешки стануваат своевидни одговори на неговите писма/извештаи кои истовремено можат да бидат и исповед и приповед, и дневнички белешки, и самиот ракопис на делото.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Секој од свој агол во своевидна наративна рашомонијада ги оспорува и ги поткопува веќе усвоените становишта.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Триесетте раскази поместени во најновото прозно остварување на Прокопиев жанровски претставуваат своевидни интермедијални текстови или „нешто помеѓу“ есеј и расказ, драма и расказ, филм и расказ, песна и расказ...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)