свита (ж.)
Дедот поп си останува во црквата со „својата свита“. Така ги викаше тој Куша и Петрета притропот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се врати со целата своја свита меѓу која беше и неговиот Велик везир Србинот Мехмед-паша Соколовиќ.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Везири, припадници на султанската свита, обземени од безумната желба и жедност за власт, сите го нашле своето место.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Третата Бахова свита во де-дур како скица за твоето назапочнато ремек-дело, и сите твои идеи – безброј многу идеи.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Кога луѓето од неговата свита конечно провалиле во неговите одаи го нашле ужалениот монарх на самиот раб на лудило...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Околу тиранинот ќе се создаде свита која ќе биде измачувана од истата страст и амбиција - да се владее, со или без тиранинот, да се стане дел од една гротескна процесија која ја инструментализира немоќта на тиранинот, нагризен од амбицијата на вечното владеење.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во секој случај, ако таквите свити од кралици и клановски племенства беа геј-култура, јас не сакав ништо со неа. Тоа никако не беше моја култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)