свисне (св.)
И Павле пак протера со него шест месеци. Практична работа. Само што сега палтото се истегна, свисна и уште повеќе избледи и потемни.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Господ ме удри, Лазоре, велам, и Ѕвездан ми свисна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Обично со часови така стоеја со летната глава, како некое младо, тенко цвеќе на кое лошиот ветар му го скршил стебленцето, па се свиснало, вене. (Но можеби тоа доаѓаше и од гладот) Особено тоа се забележуваше кај девојченцата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ги ококорави очите, се свисна, о ѓаволскиот артист, ги подаде кон нас крвавите раце и тихо, тихо, болно рече: - Другари умирам, - Да живее слатката слобода.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)