свирка (несв.)
Свиркаше нешто тихо и ги ширеше рамениците во мракот чувствувајќи се страшно мускулест.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Така, свиркајќи со устата, патникот стаса пред вратата на градот Солун.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Патникот брзаше по патот и со устата безгрижно свиркаше мелодија од некоја народна песна...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Му свиркавме под прозорецот, но попусто.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Среде од врбакот се чу потсвирнување со уста. Непознатиот свиркаше некоја мелодија.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Славејчето пееше, ќосот свиркаше, кукавицата ја вртеше својата опашка и од високиот даб се разнесуваше нејзиното: „Куку-куку! Куку-куку!“
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Свиркајќи отиде да си ги врши секојдневните работи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не се оди: меѓу буките свиркаат куршумите, шрапнелите, се нишаат дрвјата. Многу се. Ај назад.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Но кога ќе ја сретнам очите ги кријам, си свиркам, божем ништо не е важно, и си мислам: зар за неа јас да не спијам... Но свртен ја гледам долго и тажно...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Поделкај чини, поделкај, па плукни си во дланките за да не му се лизга рачката од секирата. И секирата само свирка и светка и летаат деланки од крај неа. 14
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Над нас свиркаат куршуми, небаре град да се истура.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Свиркам и јас, му враќам на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се строиме пред вратата, а редицата не личи на ништо: Васе свирка и потскокнува на една нога, Танас со парче огледало им ги засенува очите на девојчињата, Стојче со стапче им ги вади капите на оние што се пред него, Калчо седи на прагот пред влезот, рошка низ торбето, па се чуди како божем нешто да заборавил.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Гледа којзнае каде и си свирка. Одвреме-навреме подвикнува: - Еј, Робинзоне, каде си?
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Старецот се сеќаваше на тоа, на таа ноќ пред шест децении, кога иташе низ сините ритчиња во железната долина со полн камион машини и апарати, сиот среќен, свиркајќи возбудено.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Иако не можеме без нив. – Повторно со необична леснотија, патникот се истовари од таксито и свиркајќи некоја старинска мелодија („Само еднаш се љуби“!, му текна додека се враќаше во рикверц) се упати кон театарското бифе.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Милан, ти отиде кралицата, бог да ја прости, - се јавува однадвор гласно Саве и пак почнува да свирка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Саве се прибира, престанува да свирка, шари брзо со прстите по таблата, како да сака сосем да ја искористи оваа пауза за да го урне противникот.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)