свилен прид.
свиленикав прид.

свилен (прид.)

Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да го видиш во оние алишта дебарски само со гајтани, ќостег од срма до рамото, нож и пиштол од сребро, а саат од злато, појас свилен, па на него шамивче свилено пред себе.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во дното од собата два прозорци со завеси, меѓу нив огледало украсено со свилена шамија; лево огниште, а горе наоколу завеса, а десно е подреден чеизот од невестата: ковчег со над него поредени килим, постела, јорган и најзгоре перници.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сега, загреан, одеше од гостин до гостин и се фалеше: Ганка му носи свилени јоргани, креденец, шарен килим, везени перници.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гавранот ќе го раскине како да е еден од оние свилени перници што му ги носеше Ганка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби си сонувал свилена грива и коњ што те носи во приказни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе видиш што е тоа капка мрак в очи, свилен бакар в коси.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А кој мене в куќа лебче - бело, винце - црвено, постелица - свилена. Неранимајковец, разбираш ли? Ти си неранимајковец.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Зглобовите на разговорот попуштија, се разнишаја, и можеби тоа беше причина што, кога се проштеваа, таа ја заборави на стол својата свилена марама.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Седнат на златниот престол во најсвечена облека, со голем турбан на главата украсен со најскапоцени дијаманти, во долга свилена долама, со златно извезени пантовки на нозете, седеше старец од шеесетина години достоинствено и гордо ги примаше пријавените од Великиот везир странски дипломати.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само малку пред тоа... „Оставете нѐ сами“, му рече добродушното старче на Ивана и го извлече прстот од намотаниот свилен прстен на брадичето а тој, до грло во бело, ги извади рацете од џебовите на својот тесен мантил и излезе со наведната глава и нечујни чекори.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сепак, над кадифестата муцка очите меко му светкаа, беа питоми и благи како да беше грло со свилена перјаница иако имаше шушкава и ретка грива.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во скудната фенерска светлина ја видува жената, тенка, еластична и елегантна во светлата свилена ноќница.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа му нарача за празникот да è донесе свилена забратка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- После... во собата... балдахин со свилени тантели порабен... - И ти во балдахинот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се приближуваше полека и еве веќе почна да го опфаќа во своите пипала она кревко, тенкото, исправено срнче, што стоеше на виделината на зората во некакво сиво, свилено просребнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше само некоја изгасната невидливост, некоја бледа сенка, се кончеше во кночки свилени нишки од зад сите стебла, надоаѓајќи, празноока.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Што, се чудите? Еднаш така и стана: скокајќи од креденецот врз него, кога тој беше отворен за да се исуши од дождот, Фигаро го расцепи свилениот чадор со своите нокти.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Добра ноќ! - си рекоа децата едно на друго и почнаа да го сучат својот убав, свилен детски сон.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повеќе