свидетел (м.)
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тој беше свидетел кога протуѓерот во придружба на гавазот му го зеде бакарот на Степана Луов, до последното котле, во кое им вареше на децата бакраданик; кога на Митрета Пожарков му ги собра искинатите покровчиња со кои си ги покриваше шесте мали дечиња; на Севдиќевци им ја црпна и последната ока брашно.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се најдоа и свидетели, овчари, кои тврдеа дека ја виделе Драганка како копа, точно при изгрејсонце, на Латинска Црква, чекор два, погоре од Кладенец и точно по средината на кладенецот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Кога седнав ова да го запишам, во трето време, кога и јас ги имам годините на Караѓоз и Ване Мицо, вам лага, мене вистина, повеќе им верувам на сказните и приказните на моите раскажувачи кои веќе не се меѓу живите, зашто си верувам себеси и на ноќите со крцкавиот снег, и на играта на сенките, и на троглавата змија на амбарите, и на пагурчето со ракија, и на трепнежот на газиената ламба на таванот што ми беше свидетел за она што го слушаа моите уши.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Посакав да се соземам
и сѐ уште посакувам
и сѐ уште страхувам од мигот кога станав свидетел
и повеќе од тоа, кога низ мене се прекрши
склопот на тројството, простата пирамида
: не, не е случајно, ни недејствено
ништо кое е совршено!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)