свидетелство ср.

свидетелство (ср.)

Учениците добија свидетелство.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Свидетелство, за завршен трети клас гимназија, доби и ученикот Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
ама немаме пасоши, свиденија, никакво книже, оти ние знаеме дека ќе влеземе во слободна Македонија и дека не ни треба ништо и кој ќе те претресува во слободна земја и ги фрливме пасошите од бродот, во морето, ура, викаме, скокаме на бродот и ги фрламе пасошите во водата, радост голема, човек во радоста поулавува и пасошите летаат во водата, а улема риби се збираат околу пасошите, цели јата риби ги тргаат наваму натаму, небаре ги читаат,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бевме собрани во училишниот двор и чекавме да влеземе - да ги земеме свидетелствата.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Како учевте? Што учевте? Па учев основно школо, до завршното свидетелство. За кои професии Ве подготвуваа родителите? Желбата на мајка ми беше од мене да направи добавувач за стоковните куќи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој се определи за разглед со Татко и на заемките со почеста употреба во балканските јазици како: фодул, фодулук, мурдар (гнасен, нечист), фајда (корист, полза), шаитлак (доказ, свидетелство).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)