свештен (прид.)

Роден во планинско место каде што живее племе Од смртници смешни: веруваат в Алах и Христа, мешано празници слават; и оџа, и поп на гробиштата заедно исти обреди свештени прават.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Војводата дури во ужас го колнат, и што дека дело тој свештено води.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
О Криволак, со крв свештен, црни дни се изминуат.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Непријателот здраво се зацврстил и немаше изглед дека бргу ќе го напушти овој Митрев свештен крај, неговите ниви, ливади и куќата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можеше само да го жали она човече, што си мислеше сега дека било попусто сето она негово чеперење по скелињата на светот, кое оној сега го презираше како будалштина од младите години, сиот оној свештен чесен труд, сиот оној свој живот, сите свои денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Затоа му услужи дури и со својата свештена облека и шапка и му вети дека ќе ги држи Трајка, Најда и Велјана како момци на манастирот без да ги тера дури и на работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Свештеничкото жртвување на косата исто така е и симбол на кастрација“, наведува Ерих Нојман.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Свети Свето Свештено Тело Среде пламен Молчевно Опело: Ноќ.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Некој му рекол на Милошевски дека манукот на ќерка му е едно обично шпионче, и дека братот на неговиот директорот, другарот од УДБА можел убаво да го подисплаши, се разбира ако го повика кај себе и му укаже дека младото девојче што го има заведено е ќерка на свештено лице, угледен граѓанин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што му требаше да се препира со Боцета за свештени работи?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Таков, тој изгледаше како некое смерно свештено лице што реди молитви за спасот на сите овие несреќни души и за умилостивување на оној што со мошна рака ги собрал овде на куп.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мојата љубов не можеше да се управи спрема секого, па макар колку тој да жедува, таа си бараше предмет достоен за својот занес и тоа беше нејзино свештено право, пред кое паѓаше секоја предрасуда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)