свеченост ж.

свеченост (ж.)

Решивме да поканиме најинтимен круг пријатели, да уредиме мала свеченост. Приготвувањето започна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Скромна свеченост го одбележа почетокот од работата на занаетчиското училиште во гратчето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По куќите се вееја знамиња, кои сега како да беа уште поголеми и ја исполнуваа целата улица со чудна свеченост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во очите блеснува свеченост... - Чифт! Чифт!... Четворка, - се отприштуваат звучните гласови на шестемина младичи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Валкаше. Ги валкаше сите нив. Го валкаше него, Змејка, тој секогаш се чувствуваше извалкан од тоа, со она свое постојано чувство на свеченост, со кое што ги примаше сите новооткриени работи, со кое ценеше сè што ќе видеше првпат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој пуши тутун од долгиот килибарски чибук и чека да започне свеченоста.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А горе, околу, до измислената страна на светот Се разложува долината На поплочена тишина и свечености.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Утрово сѐ е бело. Природата како да се облекла за некаква тиха, бела свеченост.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Жените ги бришеа солзите, дедо Димо го гмечеше луленцето, а прстите му трепереа и никако не успеваше да го запали, а Денко и Бојан, главните јунаци на оваа свеченост, не успеваа да ја скријат својата голема возбуда.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И во миг изгасна запалената свеќа, се затресе прозорецот, се отвори и зад ридиштата отпрво некоја исконска белина се искачи по небесата а потоа пукна спроти земјата, спроти душата свеченоста на пролетното необјатие.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Само на еден рибарски чун има мала свеченост: на домаќинот еден поп му го „светеше“ чунот по верските христијански обреди, му пожелуваше со него да плови среќно и да лови риба за да живее и да се богати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сонуваше како одат на венчавање: таа облечена во истиот тој бел фустан, со бело венче на главата, а тој во црн костум - во костумот од татко му што го облекуваше само на свечености или кога ќе заминеше на некој научен собир; алиштата му се поголеми, а шеширот му паѓа на очи па постојано го поткрева.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Утрото е ведро, ко порачано за празнични свечености.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А отец Серафим задолжен за манастирската визба, наточи вино старо од повеќе години, со интересен мирис на бочвата во која лежело и им рече дека ова вино во манастирот се пие во ретки прилики, на ретки свечености, за ретки гости.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Важно е моето поведение. Затоа, со поглед ѝ давам знак, ѝ кажувам да не се грижи, дека не сум заборавил, дека веднаш по свечаноста пак ќе бидеме заедно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Жена ми сигурно уште не може да ми прости што не ѝ ја купив онаа бунда во Солун кога бевме да купуваме гардероба за оваа моја свечаност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
На свеченоста што се одржа во училиштето по повод завршувањето на училишната година, кога сите ѝ честитаа на Лорета како најдобра ученичка, Аце стоеше настрана.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Тој епизоден потрчко на свеченоста одеднаш ме потсети на мене: смешната улога е некој вид бекство од самиот себе, иако е јасно дека секое бегство,порано или подоцна, завршува со замка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Барокната свеченост по повод човечкото преминување во непознатото обележана е со споменични градби или ликовно јасни симболи на предмети како некакви амблеми на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе