свекрва ж.

свекрва (ж.)

- „Што се срдиш, мори ќерко, толку, ѝ рекла свекрва ѝ, чунки тогај си дошла од работа, што зијан ти се стори?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
А тука в село? Адет, свадбарина, светот, свекор, свекрва...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЕФКА: Амин! Ајде, баци им рака на свекорот и свекрвата.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Та со што ќе ја зачешла невестата свекрва си вечерта по венчање и на што ќе „т'кне прва вошка“ од неа, ако свекорот не ѝ купи нов чешел?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Момче убаво да ѝ навее; свекор и свекрва умни, разумни и живот со неј да си помине. Татко и мајка да слуша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На новата снаа свекрвата треба да ѝ подари некое ново сребренце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се освести и го распраша свекрва си.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Го утеши и го пушти да си оди дома, да слуша свекор и свекрва и да му жугне, макар по мува, кога ќе си дојде тој арамија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ДИМИТРИЈА: Научи ја свекрва ти. ВЕРА: Остави ја ти неа намира.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Осип Мандељштам Каменот, билката, брчките на старецот, смрзнатиот пат на коледе, белата дарпна на свекрвата, белото велигденско црковно оро – имаат свој говор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И јас морам да бидам тука. Јас сум ѝ золва и свекрва. На сѐ ја подучувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак реши да ја посоветува: - Оној момент кога самата ќе почувствуваш дека си доволно силна да го издржиш патувањето, да се сретнеш со Хелвиг, со синот, можеби и со свекорот и свекрвата, тогаш - тргни. Но, не порано.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Ај со среќа, здравје, вечни, целокупни бериќетни“ - благословуваше баба Мирјана - „така научив од свекрва ми, па овие убави благосилки и вам ви ги кажувам да ги запаметите и да ги пренесете на вашите деца и внуци.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Можеби подоцна маж пијаница, четири деца и живот со свекрва. Целулит брчки и завидливи кучки.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Момчето кувет да има, невестата да близни, свекорот да дарува, свекрвата да диринџи, сите да се биринџи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мајка брзо се зближи со својата свекрва.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но тој добро знаеше што можело да се случи, таа кобна ноќ, со семејството, кога Мајка, и покрај советите на Татко да останат во подрумот, во последниот миг замина со нас, децата, кај свекрвата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко добро знаеше на какви маки беше изложена Мајка, во новото семејство, во патријархалната заедница, со свекрва, со јатрви и со многу други.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе