свекор (м.)
А тука в село? Адет, свадбарина, светот, свекор, свекрва...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Излегла таа и ѝ рекла на помалата јатрва, што е со свекорот, та се смеат.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
ЕФКА: Амин! Ајде, баци им рака на свекорот и свекрвата.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Та со што ќе ја зачешла невестата свекрва си вечерта по венчање и на што ќе „т'кне прва вошка“ од неа, ако свекорот не ѝ купи нов чешел?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Момче убаво да ѝ навее; свекор и свекрва умни, разумни и живот со неј да си помине. Татко и мајка да слуша.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Го виде ли, Нешко, свекор ти? — ја боцна Бојана Неда, небаре ги читаше нејзините мисли.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Земи ја и дај му ја на свекра ти Бошка.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
На ѕидот кон бавчата виси портрет на свекорот во природна големина, со фес на главата и астраганско џубе.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Го утеши и го пушти да си оди дома, да слуша свекор и свекрва и да му жугне, макар по мува, кога ќе си дојде тој арамија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
јас сум до тебе, ми вели тој, јас цело време стојам до тебе, ми вели, ами оти не ме браниш од галебиве, му велам, нема со што, ми вели Горачинов, гледаш дека ми се зафатени рацеве, и после како да сме гувееле пред сонцето паднато во водата, се наведнуваме небаре пред свекор, пред свекрва, што се вели, а водата светка, си потфрла тркалца од бела пена, како ситни пари да сум пуштила, да сум фрлила во водата и парите ги собираат плипот деца, а после не биле деца, туку јато риби, изрипуваат нагоре, им светнуваат белите мешиња над водата и тогаш од бродот ми паѓа Горачинов, се провира и ми се губи ко јагула меѓу рибите, јас викам по него, но гласот нерастурен ми се враќа назад; се враќам и јас од сонот,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Да те пуштам да легнеш со свекор ми? - Пушти ме и ќе видиш со кого ќе легнам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И тој, да речеме свекорот, ќе ја кренеше каленицата и ќе речеше: - Здрави да сте ми луѓе!
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
- А тој, свекор ми, ќе ни држи свеќа, нели?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секоја како што ќе дојдеше каленицата со вино ќе му ја подадеше на мажа си или на стопанот од нејзината куќа, најстариот, сеедно дали свекорот или деверот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога ја напушти татковата соба, мајка ми несетум го остави на масата последниот златен наполеон, што го имаше добиено од својот одамна умрен свекор, да го чува за да го употреби во зловреме.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Здогледувајќи го свекорот, таа завриска.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сепак реши да ја посоветува: - Оној момент кога самата ќе почувствуваш дека си доволно силна да го издржиш патувањето, да се сретнеш со Хелвиг, со синот, можеби и со свекорот и свекрвата, тогаш - тргни. Но, не порано.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И притоа ме гледа како да сум ѝ свекор, а не најдобар пријател.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Момчето кувет да има, невестата да близни, свекорот да дарува, свекрвата да диринџи, сите да се биринџи.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)