сатана м.

сатана (м.)

Си ја провлекува раката на подот, ги напипува тркалезните студени топки. Има уште дванаесет. Чувај се сатано!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Несреќите се за луѓето“, им велеше слепиот Тимон.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Севишниот Господ Бог ли ги донесе за преку него, преку лебот и солта што тој им ги понуди, да ги увери во беспомоќноста и измиреноста на луѓето од Потковицата со нивното насилничко доаѓање, или, пак, тоа го стори Сатаната, за да направи од него предавник, кога веќе ги потскажа луѓето?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Замолче и пак продолжи. И гласов што ми се поткажува, божји глас е или е на сатаната?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не беше ли тој, Сатаната, што го поучи него, лицемерно, да не отиде и да не се сокрие со сите други луѓе на Имотот, туку да остане овдека и да се обиде да ги смилостиви поганците со леб и сол?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жена му на Мил скришум фрлаше мунѕи на Илко и шиштеше низ стиснати заби: - Урвокос! Сатана!
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Само не знам дали е ова благослов, или протерување како сатаната... Ги гледаа крстовите и се ежавеа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Да се мисли со сопствена глава е ерес, предавство, бласфемија. Само ѓаволот и сатаната го практикуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но тој сѐ така еднакво ме биеше со шлаканици жешки, и крв ми јурна од носот, но тој биеше и велеше: „Кажувај, сатано, со каква магија расипана, нечестива се служиш за да гледаш“, а јас веќе ништо не велев и само си мислев: „О, Боже, се молам за душата на отец Стефан Писмородецот, оти злобен е и завидлив на оние што гледаат, а злобата е недостиг на виделина, и нема злобниот да прогледа додека му завидува на оној што гледа!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толку се занесе во таа борба со сатаната, кутриот, што во момент на слабост или на лутина, и тоа среде олтарот го изусти и она што никогаш во друг случај не би го изустил за сметка на оној во кого најдлабоко веруваше, ја раздра по сета должина мантијата и ја фрли од себе а потоа, онака разгаштен, се упати кон надојдената река и повеќе не се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дури и такви, кои за една копејка ќе ѝ го предадат на сатаната и најблискиот свој!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога прв пат ја видов, помислив дека таа во самовилските коси, долги и необично црни, ја крие ноќта, а во ноќта сатаната.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Се одрече од сатаната?“ „Се одреков“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сатана -поплака- 1. Делба Ах, плаха синонимијо во јазикот!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Во седумнаесеттиот век, Реџиналд Скот, Едвард Џорден и Томас Вилис во своите истражувања тврдат дека лудилото не е сојуз со Сатаната или опседнатост од него, туку болест на нервите и умот, но увереноста дека помрачувањето на умот е предизвикано од мрачните сили ќе потрае и меѓу интелектуалците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И за другите религии лудилото е потпаѓање под влијание на темните сили, како последица на борбата помеѓу Бог и Сатаната, но се појавиле и оние кои барале поинаква причина за лудилото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ера во која сите подлегнуваат под сатаната или материјалните богатства на планетата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дали се одрекуваш од Сатаната? Се одрекувам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Твојот најголем кошмар. Најголем страв пријателе. Дали се одрекуваш од Сатаната?
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)