сандаче (ср.)
Стани мало... (Ce спушта накај сандачето во катот и буричка внатре.
„Гладна кокошка просо сонуе“
од Блаже Конески
(1945)
Митра ја раствори портата, го виде Илка со другата маска и таа празна, само со едно сандаче и една врзалка како торбичка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во сандачето (тоа беше куферче) бенге зела од кај браќа си дветри кила компири, и кога ѝ кажа на Митра дека таа ќе го зготви петелот, ни со бонгур ни со ориз, ами со компири, оваа зина од чудо и за малку што не извикна: „Да е видел господ, кокошка со компири ќе ми готви ваа орјатка! Шо ни се чуло, ни се видело!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Доста си носи едно сандаче црно со две клучиња и со рачка одозгора и една бовча со пљачки.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сандачето го смести под леглото, во сопчето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Доктор Коста пронајде во своите сандачиња и кутии некакви лекови и го присили онемоштениот старец да ги испие.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Благородниот Трифун Трифуноски (не, невозможно е да се воздржи човек), - тоа беше вистината, на масичката отворено лежеше цело сандаче (војничко куферче), - до врв полно со песни, романи, драми, со секакво творештво.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во сандачето – писмо. Го кине пликото – лист фина, сина хартија со облаче во десниот агол, исполнет со препознатливиот, орнаментиран Јанин ракопис.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Уште една занимливост е врзана со последните денови на белите сандачиња.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Пораки, понуди за женидба, 50.000 толари, ѓубре, костени, запалка, стари влезници, пари од различни земји, телефонски картици, начнати чоколади, бонбони, фотографии, телефонски броеви, веќе франкирани писма, очигледно уфрлени од луѓе коишто ги помешале поштенските сандачиња со оние белите.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
На дваесетина локации во Љубљана летово минувачите беа изненадени со поставените бело обоени поштенски сандачиња врз кои Давиде Грасси, италијански уметник кој моментно работи во Словенија, на четири светски јазици ја “изложи” својата изјава која минувачите би требала да ги запознае со општествено-социјалниот контекст на уметникот и уметноста воопшто.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Поручекта идат да го кренат малото мртовечко сандаче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Јас сум вдовицата која ја пушта последната, најпоследната пара во сандучето црковно, јас најмногу давам затоа што дадов сѐ што имам, мој дар е најголем... тмочислен е мојот дар!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Еден пријател од Израел го зел вашето писмо од моето поштенско сандаче, знаејќи дека јас сум во Швајцарија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Поднесоците поднесени од адвокати задолжително треба да содржат: адвокатски печат односно електронски потпис од адвокатот, податоци за електронско сандаче регистрирано согласно со закон – за достава на писмената и адвокатска маркичка предвидена со посебен закон, во спротивно поднесокот се смета за неуреден и судот ќе го отфрли (чл. 98, ст.2, 4 и 8 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Единствено употребливи беа предметите што ги произведуваа работниците без да знае шефот, тогаш кога се знаеше дека ќе отсуствува неколку дни: столчиња за нозе или украсени сандачиња, сигурни и едноставни; дури и правнуците ќе јаваат на нив или во нив ќе ги чуваат своите дреболии; корисни сталажи за облека на кои ќе стојат кошулите на многу генерации.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На враќање ги собра писмата од сандачето. Набрзина фрли поглед на сите. Сите беа за комунални давачки адресирани на машина за пишување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Еден ден, по многу денови на исчекување во импровизираното сандаче за пошта здогледа писмо. Ретко добиваше писма.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Кога излезе неговото височество „ФИЌО“, Телевизорот „Мајор 67“ и домашниот телефон покриен со плетено миленце со една игла, поставен во претсобје врз сандачето за чевли. Тука скопјаништата ги прегазија дојденците.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)