самоубиствен прид.

самоубиствен (прид.)

Идеше бавно, не ни погледнувајќи во него, пречекори уште десетина пати, без и да го забележи неговото застанување, а еднаш, кога се доближи толку многу што тоа му заприлега на некој вид самоубиствена решеност на сѐ, волкот се стаписа и тој миг отскокна назадечки, како попарен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Попродлабочена анализа покажува дека либидиналното јадро на филмот е варијанта на едиповиот триаголник: врска меѓу јунакот (дописникот), неговата девојка и нејзиниот татко, угледниот англиски пацифист, кој во суштина е нацистички агент - нивната врска е полна двосмислени подтонови, одделни постапки, што инаку би можеле да се разгледуваат и на ниво на површинско случување (немоќта и вината на таткото, уценувањето на таткото од страна на јунакот со (лажното) грабнување на ќерката, финалниот самоубиствен гест на таткото итн.), добиваат вистинска тежина дури оттаму што од нив одекнуваат имплицитни либидинални подтонови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дали смееме да му се препуштиме на самоубиствениот инстинкт на надживеаната власт, бившите луѓе и нивните бивши борби?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се надеваше дека ќе се одбрани од ваквите самоубиствени импулси со отворањето на дневникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Баге заустува да му се спротистави: дека син му не е педер, дека е нормален, дека е женет, дека има дете, дека во нивната семејна лоза нема ни намек на самоубиствен ген, дека сета таа работа е наместена, изрежирана и подметната од некои мрачни сили што се испилија во овој наш плурализам (беше готов да плукне притоа, но во последен момент се воздржа), дека неговиот син е нивна невина жртва и дека токму тие како служба се должни да ги откријат, да ги казнат, а на синот негов да му го обелат образот, макар и мртов.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во земјата се рукаше. Се случуваше самоубиствениот синдром, својствен и во други ситуации и кај други балкански народи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаше во таа негова запршка разни лути зачини: еден дебел камионџија што се заканува секому што ја оспорува историската вистинитост на неговата вера, еден ѓоа-научник што ги учи децата дека луѓето и диносаурусите се создадени во ист ден, една згодна девојка што смета дека Бог ги мрази педерите, еден пастор што намлатил дебели пари од продажба на своите молитви на ДВД, еден американски сенатор што верува во доаѓањето на Судниот ден кој ќе потепа пола човештво, еден протестантски проповедник што е убеден дека хомосексуалноста е болест, еден рабин што го толкува Холокаустот како заслужена небесна казна за неговиот народ, еден арапски музичар што се залага за верските права на муслиманите вклучително и правото на ликвидација на бласфемичарите, една мајка што ги убила своите деца затоа што Бог така ѝ наредил, еден оџа што попува дека света задача на неговата религија е истребување на неверниците, неколку мормони што веруваат дека луѓето со поинаква боја на кожата се грешни, разни исламски маченици што вршат самоубиствени акции, колони христијански фанатици што паѓаат во фанатичен транс, неколку Евреи што трескаат глава од ѕид, неколку претседателски кандидати што не веруваат во теоријата на еволуцијата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Штом сонцето изгреа, од пресилен ветер или самоубиствен нагон, железната жена се преврте преку оградата и падна на улица.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Кога ќе си спомнеше на вечноста најмалото пердувче му затреперуваше од среќа и тогаш белиот какаду ќе крикнеше бело среде ливадата на самоубиственото молчење.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Дали е подобро да извршиш самоубиство со скокање од прозор или самоубиствен бомбашки напад у близина на политичари???
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)