самоодбрана (ж.)
Еднаш ќе ти ја скршам главата со кадилница во самоодбрана, запомни го тоа.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не е виновен. Пукаше во самоодбрана.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Во извесна смисла, тоа беше самоодбрана кога Англичаните тврдеа дека Хичкок се продал за материјалните богатства на Америка, дека ги исекол своите корени и така го уништил својот талент.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Дали мотивите на селаните да ја осуетат Симоновата помош, да ја одбијат подадената рака и на крајот да го понижат, се провоцирани од инстинктивната самоодбрана од натрапникот, од препознавањето на помошта како подлост насочена само кон лична полза, од одбивањето на услугата за со услуга да не мора да се плати или да се остане должен?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
-Тоа е моето оружје. Го користам во случаи на самоодбрана.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Дали ѝ дотура жар, дали ја пизми
оваа мачка сечија и нечија
кога мешечки ќе го зграпчи домаќинот
во лажна самоодбрана
ќе му ја извади душата
на невидено
по навика
занатски беспрекорно
и без пренемагање?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Целата левица во Грција ја имаше оваа сила. Ама... Став беше - само самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)