самозалажување ср.

самозалажување (ср.)

Јаренцето можеби мислеше дека тоа зависи од него, и затоа, додека ја играа својата игра, тоа постојано гледаше кон него, но тој за сето време се обѕрнуваше околу себе, дали однекаде не се подал некаков знак, по кој ќе може да се познае дека можат да го прекинат тоа свое самозалажување. Сонуваа за тоа. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сети дека се сеќавал на спротивни работи, но тие беа лажни сеќавања, производи на самозалажување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во сонот неговото најдлабоко чувство беше чувството на самозалажување, зашто тој всушност знаеше што има зад ѕидот на темнината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Каков парадокс! Животот и неговите самозалажувања се единствениот соработник на писателот...
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И кај двата мита може да се забележи дека го содржат уверувањето дека таму некаде во неодредената иднина, автоматски, животот ќе биде подобар отколку денес, како и залажувањето и самозалажувањето дека сивилото на сегашноста е нужен предуслов за розевоста на иднината.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И токму ова залажување и самозалажување беше и е основната причина да не се види стварноста онаква каква што е и да не се преземат чекори за нејзино менување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Исто така разбравме дека делува смирувачки ако во семкарницата на нашето старо место купиме по еден фишек време и по еден џепен прирачник за безболно продолжување на самозалажувањето.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Јас живеев во самозалажување дека сум слободна, а со такво чувство паѓањето е неизбежна судбина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со такво самозалажување несвесно паѓаш главечки во бездна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)