самогласка (ж.)
„Египетските свештеници дури и боговите ги величаат со помош на седумте самогласки, и тоа така тие да им звучат наредено, па наместо аулус и китара поради нивната складност се слушал звукот на буквите“ (Дорнснеф).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Постојат седум самогласки, токму како и седум планети, седум сфери, седум жици на лирата, седум тонови во октавата, седум музички модуси.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тоа се „согласничките” алфабети, нпр. арамејскиот, хебрејскиот и арапскиот, во коишто обележувањето на самогласките (со помош на дијакритични знаци) е опционално.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Има и случаи, како во индиските алфабети, каде што дијакритичните знаци се користат за самогласки, но обележувањето е обврзно, а се врши со додавање на дијакритички знаци кон согласничките букви.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во системот на слоговно писмо (силабариј) секоја графема одговара на говорен слог, обично на еден пар согласка- самогласка.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Една црвена тркалезна самогласка утрово ми се препречила како коска во грлово и сега само аам и еам, само иам и оам, само уам...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Глас е тоа на јазик кој одамна исчезнал и во кој боите, должината и ритамот на самогласките меѓу нив никогаш веќе нема да се преповтори и слушне.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Петре Бакевски Петтиот христијански собор, 553, во Константинопол, го осудил и му фрлил анатема на Македониј, монах од Лихнида, поради самогласките во неговите зборови кои испуштале долги воздишки.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Перса, иако зафатено во разговор со Митра која не ја разбираше сосема оти од зборовите ги јадеше самогласките, едното уво и едното око секогаш ги имаше свртено на кај малечките, а како што забележува и Мурџо, од далеку, ги држи очите на нив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
И по тоа што кога ќе ме погледнеше, за миг ме гледаше интензивно, а потоа го тргнуваше погледот, а најмногу по говорот, по отвореноста и должината на самогласките, што, се разбира, е одлика на сите од овој крај, ама во случајов и бојата на гласот беше иста, и поставеноста на забите, и линијата на усните.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Всушност, турски како алтајски јазик, имајќи задолжително осум писмени самогласки, е спротивен на семитските како арапскиот или хебрејскиот, на кои генерално им се потребни три писмени самогласки единствено да ги означат другите зборови различно хомографирани.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во арапското писмо, создадено за да ги означи гласовите на јазикот во кој самогласките постојат само во функција на смислата на зборот, не му служеше никако на турскиот во кој самогласките се, како во европските јазици, внатрешните елементи на зборот кој има сопствена егзистенција како и функцијата на согласките.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)