сабота ж.
саботажа ж.

сабота (ж.)

ИЛИЈА: Ама на попов му е зборот за во пости, дека сложни калуѓери и сабота и недела мрсат.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
ПОП ЈАНЧЕ: Има еден збор: „сложни калуѓери и в сабота и в недела мрсат“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
БАБА АНЧА: А, не така, попе, „сложни калуѓери и среда и петок мрсат“. А за сабота и недела сите ние јадеме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во неделата се одвикнував од училишните часови, еден ден подоцна, требаше да почне она истото - сè до саботата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
В сабота ќе дојдам да ми ги сменат крпиве. А тебе, малечко, ти благодарам за прикаската.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Дури една сабота иде кај Пушмарка, Долзите, Зојчевци, Даута, Желчевци и други прилепски баздриѓани претставител од Челебон од Витола, Аврам Ароести од Скопје, другата сабота идат од Фараџи од Битола, Давида Леви или Мушон Кастро од Скопје и со дикат им ги прибираат, околу ужина, собраните лири и наполеони на прилепските трговци, а овие прават нови порачки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еден од таквите дни беше и Велјата сабота, во која Доста и Бојана навалија котол да приперат, да се измијат, да се дотераат за утре, за Велигден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но денеека беше петок, та Дуче немаше да има многу работа како во сабота и затоа и тој цврцна како другите пријатели и му издекламира на зетот една своја солена декламација, од оние што ги имаше на стотици за секој случај, а особено за свадби, крштења и првичиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Секоја сабота навечер го палеше кандилото пред Христовото распетие, таму, во дното на малата соба, се молеше за здравјето и за среќата на своето дете и се колнеше дека нема да го пушти синот да оди на печалба во тие проклети земји, макар тука и со корење да се храни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Старата анама, што на млади години сучела баклави за самиот Џеладин-бег, таа беше дојдена уште од петокот со три други анами и до саботата вечер не исправија грб од кр’говите и не ги оставија сукалата од раце.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- За утре? - праша Шишман, зашто тогаш беше сабота.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Анџак е денеска сабота, ќе се враќаат пазарџиите и сигурно ќе бидат нападнати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе го нарача Колета уште од саботата навечер и овој даде збор дека утре само нему ќе му свири, па ако сака и самиот Челебија нека слезе да му наредува, нема да го слуша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само, им рекоа, стрпете се до сабота; тогаш ќе дојде на пазар еден фалбаџија од овдешниве села, тој сигурно ќе сака да се фати со Исо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ако се обвистини тоа, - рече Илко, - ќе се потврди она што го кажуваше мудрецот за моќта на сонот: тој велеше дека пет нешта на светот имаат шеесетинки: огнот медот, саботата, спиењето и сонот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Огнот е шеесетинка од пеколот; медот е шеесетинка од тревката мана со која господ ги нахранил гладните во пустињата; саботата е шеесетинка од оној свет; спиењето е шеесетинка од смртта; сонот е шеесетинка од пророштвата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По мое, вели, најдобро е ако тргниме одовде в сабота зараното, па таму некаде пред Прилеп или точно во Прилеп да нè изгрее сонце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Токму затоа, вели, ние во сабота и недела не работиме...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Петок е, спроти сабота, надвор паѓа обилен снег, бело капче ми се прави на главата, ми ги товари рамениците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе