рутински (прид.)
Зашто напорот да се одделат од традицијата ги доведувал до едно усвитено место од кое, ако ништо повеќе, можеле да го редуцираат товарот на формалните, манирските и рутинските, наследства и да дојдат, како до сопствено откровение, пак до јадрото и сублиматот на традицијата.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
За секој случај, повеќе рутински, решиле да ги проверат скривалиштата под тврдината.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
За евентуалниот недостаток на „вкоренетост овде“ (што можеби ќе го почувствувате), рутински ви се правдаме: нашиот дом под ѕвездите се маргините, т.е. ригите на костимот за капење (што фураат накај хаос, накај непредвидлива сложеност!) на давеникот во примордијалната супа, во млечната каша надробена со ѕвездички од тесто итн - апстрактноста е нашиот дом, така ли, за разлика од концептите за дом на господинот Контра Банда(ш), на пример.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Дури подоцна сфати дека тоа што се случи тогаш беше само вовед, само рутинско сослушување на кое беа подложувани речиси сите затвореници.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Другите три се однесуваа на рутински прашања, иако втората веројатно ќе бара извесна здодевна проверка на колони од бројки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Рутински, тоа дури не се ни криеше, сите писма беа отворани.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа беше сосема рутинско прашање и сосема рутински одговор, ако така можам да се изразам, господине судија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во ноќите во кои сум копнеел по телото на Луција, не сум предвидел таков потег; имаше во тој потег нешто сосема студено, рутинско, клиширано; оној кој гледал како пајакот ја плете својата мрежа, знае дека тој тоа го прави со геометриски студена прецизност, според сосема јасната самосвест за сопствените анатомски можности.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Невропсихијатарот бегло погледна во картонот, без да прочита, и рутински продолжи со својот дијагностички распит: – Кој ден сме денес?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Беше тоа навистина една рутинска телеграма! Како да бев препуштен на мојата писателска вокација, продолжувајќи некаков роман во себе со многу живи, директни ликови во брзото движење во процесијата на животот, во делот кој ми беше зададен...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А беше тоа рутински напишана телеграма, без душа...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Одлично, ќе станеме повитални благодарение на кучето и ќе излеземе од едни рутински практики, влегувајќи во други.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
По оваа рутинска акција, во која дигресивно ги придодадов и доказите од претходните истражувања, ја вратив насоката на реорганизирањето, со предумисла да го убијам денот оставајќи зад себе трага на асоцијативност - дека е неколку минути пред 12.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Влегувам во канцеларијата и при тоа го извршувам сето она рутинско „добро утро”: ги палам светлата, разгледувам дали има пропуштено повици, си подготвувам кафе (со малку грижа на совест поради типичниот македонски почеток на работниот ден), а потоа со часови се нурнувам во компјутерот и се препуштам на долго, бескрупулозно, бескорисно, безидејно, безпотребно, без исав сурфање на интернет, кое во последнава година само ми го доослабна и онака слабиот вид.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Се бакнаа рутински. – Како се чувствуваш? – ја праша тој. – Среќно, зашто најпосле дојде, зајче – му рече таа. – Ова беше полошо и од смрт.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)