руда (ж.)
- Бев рудар, - одговори човекот - копав руда со Италијанците и научив нешто да зборувам.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Кај нив се миеше рудата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Нѐ построија во четири реда и нѐ одведоа во една фабрика за обработка на рудата сљуда.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- Ех што... Концесии се во прашање... Сакаат да добијат експлоатација на руда и нафта во Албанија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Мајка ми се сеќаваше на една од ваквите ноќи, во куќата крај езерото, кога татко ми, од прастарите цариградски списи, пишувани на рака со арапско писмо, а се однесуваа на блиските предели – откри каде може да има хромна руда.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сепак, ни раскажуваше мајка ми подоцна на тие места сигурно, според татковите записи, се копала и откопувала хромна руда.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но тогаш, во времето на гладот, кога смртта првпат тропаше на вратите на нашето семејство, гледајќи го татко ми внесен во книгите, таа се плашеше да не се случи како со хромовата руда.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татковците на другите момчиња, што заминуваат во вселената им носат парченца руда од Калисто и црни грутки од метеорите или син песок.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Така како што Јапонија нема нафта и руди, така нејзиното тло едноставно нема ни хранлива подлога за индивидуално мислење.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сите тие спорни територии се богати со скапоцени руди, а некои од нив имаат и важни растителни производи, како што е гумата, која во климатски постудените делови се добива по синтетички пат и со релативно скапи методи.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Уште во текот на ноември 1944 година ГШ на НОВ и ПО на Македонија го запознал НКОЈ со економската состојба во Македонија и предлага да се одобри трговија со СССР, Грција и Бугарија со користење на резервите од тутун и оловна руда.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Може да се претпостави дека се работи за возможноста за изведување на воено-воздушен десант со цел да се прекине снабдувањето на Рајхот со руда“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Иронијата е уште поголема, кога ќе се земат во обзир природните богатства: Руди, топли подземни води, плодни рамници со богат род, реки со силни водопади и што ли уште не...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Богат е со минерали, метали, неметали, разни видови извори на вода, лековити билки, пештери со живи гасови, можеби и неоткриени руди, видови јаглен и многу други неосознаени состојки кои се негова содржина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
И како по вакви бисери да поверуваш во секојдневието што ти се нуди, кога знаеш дека за твојата безбедност се грижи неспособниот инспектор Брок, дека твојот град го водат тројцата корумпирани свињолики одборници, дека твојата светла иднина ја одредува Министерството за истражување руди и губење време, а дека вистинското мерило на твојот транзиционен свет е пијаницата Суперхик, кој краде од сиромашните за да им даде на богатите?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Живеат воздишки од крв, пламени јазици, уплашени коњи, руди во редок камен, елени што итаат кон север, зборови светли, улици свртени во темно, возови со лузни, темјанушки и оси во Книгата на смртта.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)