руба ж.
рубашка ж.

руба (ж.)

Ќе служам јас во домот божји, и во црна руба ќе бидам вечно тажна јас.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Го тажат жените, променети во црни руби, а плачот - железен е бран."
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Брго-брго мајката го клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда го донесла големиот стол, та го клала да седи Силјана; му ги собула опинците и му ги измила нозете и го променила со велигденската руба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Облекла Стојна руба партизанска, отишла Стојна во гора зелена: „Горо ле горо, горо зелена, горо зелена, шумо бујата, чуваш ли брата, брата Јована?“
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Врвете и вие в редови збити селани - мои земјаци, во проста руба, волнени гунаци, - врвете, врвете земјаци!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
— Бре, како така, слепелнику! — вели Шпиро. — Два товара руба ќе ти донесе, угу за една лира ли да и а земиме?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ако сака гола нека а прати! — вели Крчо без да се срами веќе. — Јас се жена за неа, а не за рубата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заѕидано дрво во ѕидот сугурци — завиткана коса — локни на српски тагар — сад за брашно како ситото и решетото што е само неиздупчен таим — следување, оброк на војниците такам — 1) руба, 2) спрема за куќата, за добитокот итн. такцир — несреќа татки — понатака тезгере — направа за фрлање ѓубрето од дома тек лав — пререкување теклив — забелешка. Не ти фаќам теклив — не ти правам забелешка текна — се сетив тешка (жена) — бремена тизап — киселина за вапцување тисов — столче од тисово дрво.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа го погали, го подигна речиси набожно и се загледа во рубите што лежеа во него, што ги носеше со Крстана пред дваесет и две години.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но тогаш дојдоа мравки црни петна врз бела руба тревата да ја влечат во дупките и птиците во јата се нафрлија на дворот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- За добро треба да си подготвен, вели Лазор Ночески, ама и за лошо треба да си подготвен, вели, слегувајќи од воловската кола што ја носеше рубата од Велика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа рипна, ја исече сета нејзина руба спремана за невеста, ископа гроб, вистински, и ја закопа - но не подалеку од очите, долу во оградичето: За да ѝ го гледам гробот, рече, ако не ја гледам неа жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На првиот празник што дојде, луѓето се собраа на средсело облечени, променети во најлична руба да го прослават да се провеселат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да се враќа од маскенбал, човекот под сивиот граѓански капут е облечен во руба на дворски пратеник.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лествичникот во нова руба, ние во партали, како питачи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се прибра малку Невена, си ја потсобра душата, ја отвори каселата, ја облече невестинската руба, си ги облече невестинските чевличиња, си го стави невестинското венче, си го подзасолни тажното лице со велот, си ги затвори очите, ја свитка прозрачната става, прилегна до ковчегот со даровите и веќе не се крена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги викнал моите, во ирамче ме однеле дома, ме оплакале, ме преслекле во нова руба и отишле по попот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Повеќе