рскавица (ж.)
Му се стори дека `рскавиците на нивните носови ќе ја пробијат танката неотпорна кожа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Го погоди куршум преку носната 'рскавица и му излезе под десната веѓа, та можеше со левото око да ја види својата зеница од десното.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пуста среќа, пусто штастие: студот ни ги витка ушите, остинати ни се и 'рскавиците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Левото уво му беше чудно, некако врколачки зашилено, и одрано, а на 'рскавицата се сушеше розикава сокрвца. Околу рабовите на кадравите зулуфи на тоа чудовиште се навираа бледозелени тапанчиња на преситни крлежи.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Секако тој тоа можел да го знае многу подоцна а тогаш само се прашувал: зад жолтите и ребрести костури како друг обрач никнува од земјата нов обрач, и сѐ така: обрачи, обрачи, обрачи: Турци, костури, пак костури со кациги, со штитови и со мечови, потоа сенки со чекани од камен; и пак некои други (кој можел да ги знае?) грпкавичави, со мали мајмунски глави, со дебели заби под кои се двоел надве арапски рунтавест орев или дебела 'рскавица на животно со сурлеста глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Потоа паднал преку мртвиот и го продолжил својот нов занает со заби, на кучешки начин кинејќи ја 'рскавицата на гркланот додека крвта од она место кај што му било увото се мешала со нешто потемната крв на проклетиот татко, неколку години потем на тоа место да не никне ни најдива тревка...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Брчките од долгнавестиот лик му бегаа кон ушите, кон тие сплескани полжавчиња од 'рскавица и кожа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По една лепеза од зелени рскавици прекриени со шупливи, накострешени влакна, преку која Рептилите ја земаат таа течност, им стрчи зад секое уво. 18 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Впрочем, и не беше неоправдано
на потчинетите да им се обраќаме
со јазик што не го разбираат
јазик без ’рскавица
без срце, без папок
при секакви прилики
што ја земавме истата нула
истиот обрач
го растегавме како сува кора на стварноста
и додека пукаше, секогаш рапаво
се грозевме и едните и другите:
народот, од што беше чувствителен
ние, од што нè обземаше страв и
претерана волја да биде по наше.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сликата ти е недофатна
божја, сатанска, бесмртна
бела, охола ало,
лакома суето, Киту
твојата јасна росна јарост
крвавиот рев
вресот на твојата пена
- грбна лавовска локна
зборот може поверно да те опише
од било која икона, лажен идол
-развратен знак на китоловците-
Милосрдна срж, срцевино, божилаку
казни ги поганите: скриј ја вистината
‘рскавицо на покајанието
послушај го умот на бога
Магу, уживач на морски бездна
- утробата на светот
Цицалче големо
лицето исцели си го од длабочини,
Ламјо совршена
прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)