роси (несв.)
Тој не бега негде во сигурна страна, тој бегалец не е што потта го роси.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Кој ја сипе кој ја роси таја слана што покоси по нивјето пшениците по лозјето гроздовите?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Од темното небо ситниот и благ дождец росеше.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Надвор почна да роси ситен дождец... Трајче стана и ја доближи главата до скршеното прозорче.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Сето бело едно прасе, со кадрави руси коси, чадор носи - врз чадорот песок роси...
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Кога роси и дете кога си игра на улицата И мајка од некаде кога довикува И златна јаболка во дворот кога се ниша Излезете на молитва За вечен да биде таа слика Зашто по многу време ќе застанеш под прозорец И гледаш: Веќе е есен и детето во тебе го нема И пред тебе и сушата и лисјето венат и ниту роси и којзнае каде е Магдалена...
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Кални улици се спуштаа од станицата. Небото надурмено - росеше по малку и сешто морничавеше од обилна студена влага.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Тебе не те задоволуваат
патувања во позната насока
сакаш да кажеш носталгија
а да не биде типично:
татковинска болест, на пример
еротиката е носталгија по родниот крај
(и се раѓаш таму, и свршуваш)
со топло и сочно подножје
реагира на допир, роси
се распаметува, илегално и легално
јас не сум секогаш во јас-форма
јас е; ти сум; тој си...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Го позна по гласот. - Врне ли? - Да, господине генерале, роси.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)