романтика (ж.)
Срцето ме влечеше кон стихијна романтика, мозокот бараше излез од неизвесноста.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таква е сета Рајна, иако е преполовена со шлемови, иако покрај неа има фабрики, градови, иако е без пасторална глетка, сепак во неа има романтика и затоа и денес, како некогаш во приказните, го очекува со загатка секој оној што ќе мине покрај нејзините брегови...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Романтиката ништо не смее да ја прекине, дури ни мокрењето.”
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Сета таа атмосфера, буди своевидна романтика во мене.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Задебелени линии соништа и нежно розева романтика која фрла темна сенка премолченост.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Знаеш дека во тоа има и голема романтика!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Одврзувајќи ја панделката Рада се насмеа. - Гола романтика, нема што! - Сето тоа сместено во кутија за чевли.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Париз градот на романтиката, на шансоните, на шармот... и на сѐ уште што не стана моја реалност.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)