розев (прид.)
BODY Златножолтиот сок од портокал се лелее во чашката осветлена од сонцето; густ и сладок карамел лази по ритчињата розев сладолед; патентот на фармерките со остар звук, се повлекува нагоре, кон папокот оросен со златести капки пот; сочниот задник го покажува својот крушковиден облик; капе густиот ketchup и ја намокрува жедната тестенина; бисерните заби се забодуваат во јаболкото со сочна експлозија; водопади од свилени локни се сливаат низ нежни женски раменици; овесни снегулки со нечујни експлозии паѓаат во млечно море од порцелански брегови; и сѐ е така juicy, и сѐ е така crispy, ммм, и сѐ е така crunchy, мммм, и сѐ е така fluffy, мммм, и сѐ е така delicious, оххх, и сѐ е така irresistible...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И ова сега беше за мене како некој сон, но не оној розев, црвен, и виножитен, а сепак сон, чудо.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во позадина се наѕираше колешката со правливите штикли и џиш розевиот кармин, чиј интерес за целата работа како веќе да спласна.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Се свртев и се засмеав – за нозете му се имаа припиено тесните розеви панталони, кошулата беше во најразлични бои, а над сериозното лице со брада и наочари се издигаше капа со два портокалови израстока, кои завршуваа со зелени туфни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Првиот ден Ј се разбуди со силна болка во рацете и нозете. Се зачуди кога виде дека на себе има розеви бебешки пижами што силно ја стегаа.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Задебелени линии соништа и нежно розева романтика која фрла темна сенка премолченост.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Беше тоа кралски балдахин, со розева постелнина.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Розева кошула, сиво сако, фармерки, патики и, неизоставен дел, стомачето.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Пред да почне со сечење ние извикувавме црвена, жолта, розева...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)