роден (чест.)

Хегел е роден во Штутгарт на 27 август 1770, во пруско бирократско семејство, и го започнал школувањето како и секој чиновнички син што се подготвува за бирократска кариера.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Роден бил некаде Битолското, од татко Турчин и мајка рисјанка што ја грабнал насила некаде Мариовското кога бил таму во потера како турски војник.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Човек катил, како од змија роден.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Само на човек роден во пролет, вели Велика, дрвцата му се фаќаат како пиреј. Ниедно не го проскокнува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Роден 1925-та година во семејство кое традиционално имало десничарски политички уверувања, Делез целиот живот го мина како левичар.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Татко, од пред половина век, по враќањето од Цариград во Поградец, по конечната разделба со земјата на неговата мајка од турско потекло, (прва братучеда на Али Фети Окјар, роден во Прилеп, близок пријател на Мустафа Ќемал Ататурк, прв премиер на Република Турција), на кои можеше да се надоврзе целото семејство, по­веќе никогаш не можеше да се смири, означен од генот на заминувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Меѓу познатите рабини од Монастир, во авионската визија на раби Елеазар бен Цви, дефилираат стари и достоинствени ликови од една петвековна галерија на битолски рабини: Шломо бен Аврахам Хакоен, еден голем законодавец чии респонси се печатени во четири тома некаде помеѓу 1586 и 1652 година, исто така во Солун, прочуениот рабин Аврахам Фалкон роден во 1643 година, раби Шмуел Цадок роден во 1690, стручњак за религиозно судство и верска правда, потоа угледнот Бенјамин Медина роден 1730, раби Аврахам де Јехуда де Бутон кој ги напиша респонсите „Махазе Аврахам” печатени во 1795, Давид де Бутон роден на крајот од 19 век, учениот и почитуван рабин Бенвенисти бен Аврахам Гатења роден 1859 година, раби Аврахам Гер Цедек роден 1800 и Моше Шабат Камхи роден 1865 година кој инаку бил преобратеник во јудаизмот, потоа рабинот Давид Бен Шломо Папо чии прочуени беседи „Бни Меир” и „Пне Давид” се изречени во Ерусалим во 1914 и 1924 година, потоа сефардскиот мудрец инаку главен рабин од Ерусалим, д-р Ариел бен Цион роден 1913 година...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)