рие (несв.)
Раскопани, буѓосани со обрачи 'ргосани, по темни изби мемливи ријат ги црвци смрдливи.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Се корнат буки, се рутат карпи; и искри летаат в рој! булдожер рие, компресор ечи Напред и напред, младинци наши, со горди чела за нови дела, во славен поход во трудов бој!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Во него се мешаа безброј чувства, го кинеа, риеја по неговиот мозок, се бореа меѓусебно за превласт.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Прелистува, превртува, рие... Пронајде една фотографија од децата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И по ... дваесет години пак заедно - риеја и бараа поминок под ова далечно, непознато бездушно небо...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Бродот чека и ќе чека, зашто во неговото присуство се таи нешто големо и важно, она што го тера да се рие сега во мракот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Бувтаат топови, татнежи в уши ријат.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
И ене ги двоножните кртици, што ја ријат земјата по цената на своите животи; излегоа од своите дупки и се назагнаа на долчето да се расонат што побргу, и да влезат да ѝ ја буричкаат утробата на земјата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Чистејќи го снегот, луѓето личеа на кртови кои ријат а не се гледаат.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Гребе, сече, рие Кртот Во душата свиен, скриен, И со виеж силен, Глода, боде, рие Кртот Во крвта, во стрвта, во жилите, Се будат, заигруваат самовилите, Чиниш полноќ да е, месечина Полна, болна и пеколна, Која ги возбудува и излудува Ноќвите со зборовите, стиховите.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Според позитивните закониски прописи. Невидени машини ги риеле.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А таа се движела чудно згрбавена над леите во кои ќе сади арпаџик или лук и, иситнувајќи ги секаквите грутки ѓубре со прсти како со грибло, ја риела земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Војниците му застануваа со колената на нозете, на слабината и на главата да не прета; и додека тој рикаше беспомошно и силно што оѕвиваше селото и планината - касапот ќе му го зариеше ножот во грлото, риејќи низ него додека му го пресечеше гркленот; кркореше бикот, шикаше крв на сите страни стркајќи ги војниците, се виреше крвта во локва и правеше црвена браздичка која истекуваше во езерото зацрвенувајќи ја водата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Со болно нетрпение ги следеше пците кои како гладни, исушени свињи го риеја патот низ ноќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Струга, летото 94 во оваа песна Во оваа песна Скротив: Една планина Еден коњ Една есен И две Зенгии. ронки Врз листот: Врз кој ријам И се кријам Врз книгата Кајшто спијам И живеам.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Се тешиме со фактот дека можеби аполитичноста (која е неизбежна социјална последица после вакви енормни порции политика што ги консумиравме последниве години) повторно ќе ги натера луѓето да се бават со својата најнепосредна околина, земајќи го од социјалистичкото минато она најмалку лошото: презирот и игноранцијата спрема политичарите сфатени како некакви хипер-прилагодливи стаорчишта што ријат по житните амбари и повеќе наликуваат на елементарна непогода отколку на „мафијашка структура”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Длабоко во неа рие црвот на стравот, гледајќи како луѓето се загрижени што подобро да се наместат, што поубави места да зафатат, а таа ништо не може сама.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Таа трае и царува, рие и поткопува, тлее и тишти сегде, а најмногу во стихот распнат како Христос врз крстот на зборот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јас ја замислував како кртица која рие и се крие во земјата или лета и фучи како лилјак во темнината, како алетина завива над коријата, над планината.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пиштеа луѓето како полжави на врела ламарина, риеја и се криеја во калта, копаа бразди, се вовлекуваа еден во друг, да се спасат од мечот на свети Архангел.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)