ригиден (прид.)
Имено, се работи за два типа темпераменти: едниот е нежен, чувствителен, толерантен, а другиот - суров, ригиден, безобзирен.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
И уште кога завивањето ќе се прошири од ќерка на мајка, па како зараза ќе премине на тетка, вујна, золва, балдска, јатрва, баба и внука... отиде јабана сиот лицемерен малограѓански морал, паѓа моментално сета ригидна патријахалност, пука по рабови цела феудална нетолеранција, тоне туто-комплето конзервативната Америка "ко метак надоле", што би рекол чичко Фазли!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Бев наоружан со константите на белградската сиповска школа, која почиваше врз ригидни професионални принципи, цврста внатрешна конспиративност, но и врз отвореност градена уште од времињата кога на нејзино чело беше прекалениот борец и европски интелектуалец, филозофот и надреалистот Коча Поповиќ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Од друга страна, татко му, не согледувајќи дека тие грешки се всушност негови (во секоја смисла), имаше крајно ригиден однос кон синот, сметајќи го за антихрист, иако самиот беше атеист.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)