рибен (прид.)
Има предлози за градба на паралелни рибни патеки, низ кои би патувале и јагулите и не би бил прекинуван нивниот пат.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во меѓувреме тој секој ден од продавницата купуваше по една конзерва кога месна, кога рибна, а понекогаш по две паштети зашто во продавницата имаше само од помалите, а исто така, на неколку дена купуваше по еден фишек хартија полн со стотина грама шеќер со коишто го прихрануваше смокот населен во меѓувреме во скребите од фурната крај неговата куќа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Повторно го видоа дури кон крајот на есента, во еден рибен ресторан во Барселона, облечен во истиот невообичаен комплет и со косата сплетена во долга плетенка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од купиштата рибини отпадоци, што ги разнесуваа галебите, бели како снег, се ширеше застоена реа. Ни трошка ветар од отвореното море.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)