реч (ж.)

И се гледаха тие дјаволи како да се прејале и како да се пиани. И скакаха и играха како механџии кога се пиани и зборат гнасни речи и зборови.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
И гледах тамо написани сите мои - луди и гнаснии лакрдии и песни грешни светскии, сѐ до една реч, што е лоша.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Таа привилегија на еден дијалект, поддијалект итн. да биде орган на литературната реч – според учењето на историјата на јазиците, им се дава ним не по некакви особени естетски предимства, а по чисто практични причини, т.е. по стекот на историско-културните околности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Штом е така и штом образувањето на народноста е политичко-механички процес, тогаш се имаат сите нужни услови за одделување на Македонија во самостојна етнографска област: Македонците имаат општа татковина, последнава постепено со реформи се одделува во самостојна политичка целина, во неа има „неколку колца од јужнословенскиот јазичен синџир”, тие колца многу лесно се обединуваат со општото признавање на средното од нив за општо орудие во искажувањето на литературната реч за сите интелигентни луѓе во Македонија и за во книгите и во училиштата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Турското господство ни ги пресече сите врски со нашата старина: Најтешко се одрази тоа на Македонија, како централна провинција, па затоа во тоа време кога кај другите православни Словени постепено се изработуваше писмениот јазик и правописот ние сѐ повеќе се обезличувавме и речиси сосем се откажавме од нашиот јазик како орган на литературната реч.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И сега течат векови светли на шир и долж со твојата реч, само тебе, мој маченик клети, те гмечи тежок тирански меч.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Таму, во лозјата се собраа дечишта, па и по некој возрастен и Ѓорѓи им држа реч, да се дигне народот против беговите и чорбаџиите, да коле и тепа народни изедници и на крајот да се дигне и на востание како Коприштица, Пештера, Батак и други места во Бугарија и Србија што направија и, ете ги сега слободни, та „и ние да се ослободиме“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
4. ГОЛЕМ ЗАЛАК ГОЛТНИ, ГОЛЕМА РЕЧ НЕ РЕЧИ - притоа и сит довека и спокоен до гроба ќе си, со таа слобода и пред олтарот на ропството клечи и моли за своето право да бидеш тој што не си...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Ми смо дали реч, вели. - Ние не газиме на зборот, велат војниците што беа со Илија и излегуваат од окопите, тргнуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И можете да си претставите каков впечаток направи мојата реч, дури и на моноклесијата, која намерно стана по пауза од еден ден, што бев ја направил предодениот ден, кога настојував собранието да се претвори во моноклесија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На другиот ден, (на 318-т отци) одржав подолга реч храбрејќи ги малодушните, пробудувајќи ги заспаните духом, посветувајќи го народот во неговите црковни права, опишувајќи ја сликовито подмолната клевета врз основа на која патриархот Самоил ја укина архиепископијата Јустинијана I.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бидејќи неочекувано од учител станав проповедник, моите зборови многу го трогнаа народот, толку многу што ако за време додека се четеше евангелието од младиот поп Георги сите се накашлуваа како по договор (како во нездраво време) за време, пак, на мојата реч сите со задоволство слушаа и не само што запре накашлувањето, туку човек можеше да си помисли дека народот заборавил и да дише.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Научили смо мало српске речи, велат, на изградњи пруге Тирана-Елбасан.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа што ја чини пријатна специфичност Набоковата проза, е тоа што таа, не како се читаше, туку како да ја гледавме, што произлегуваше од мизансценската дарба на писателот, сега во драматуршки услови стана главно, а речта на хероите (личностите) добива изразити лексички достоинства, што е таква голема реткост.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Посмртните останки на Фаик Коница, пет години по смртта, се погребани во бостонските гробишта под звуците на музиката на Вагнер и незаборавната реч на Фан Ноли.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не знаеше дали станат, или седнат, да го почека продолжението на речта на Трим Тоска.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дали се прашувавте дали наскоро ќе се врати И дали ќе ја доведе со себе својата сенка и дали песот ќе го врзи за нечија насмевка или за трнот на кој цути непозната реч?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во оваа смиспа тој не пишува за да ја замени својата жива реч туку поради тоа што постои несовладлива разлика меѓу човекот и напишаното: тоа е, пред сѐ, големата, егзистенцијална оддалеченост меѓу него и - записот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Едно утро, Нуне Волта побарал прием кај командантот и вака му рекол: - Јас друже команданте, можам на вас и на моите другари соборци и на нашите непријатели да му покажам и докажам што можит поезијата, што можит поетската реч.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Неисе. Сепак и сепак, оваа прозна реч е нешто поинакво или нешто повеќе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе