реско (прил.)
Новата постројка, што ја градеше Аргир во Маџир-маало: реско се врежуваше сред испуканите и изгризени од времето стари куќи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Несомнената драматика на свршетокот: шиштењето на воздухот од хармониумот што ја проследува туберкулозната песна на Ѓорѓи, и стакленото око на неговата верна, несакана сопруга, што реско се тркала на подот, барокно ја украсувам со паралела од книгата прочитана попладнево: - Во сценска смисла, чувствувам дека тоа беше постепена смрт од највисок ред, како самоубиството на Потоцки, кој, самиот излеа куршум од златната дршка на шеќерникот, подарокот од мајка му за полнолетството, го благослови во домашната капеличка и осамувајќи се во библиотеката, со него си го разнесе мозокот. – Ужасно.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сега тој збор повеќепати реско и силно го повторуваше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се случуваше, тоа ретко, многу ретко се случуваше, татко ми по силна размисла, најчесто в зори, кога реско го напушташе сонот, во мигот кога се сменуваа денот и ноќта, силно да крикне!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Првпат криковите на црните птици беа осамени во просторот, реско ја засекуваа тишината, кобеа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Машко друштво “Осамени срца” со седиште на улица “Бојан Мурџев” 26, Припор, број на членови: променлив, возраст: од 50 до 80 години, организационо - според идеите и целите - хомогенизиран состав, но внатре структурно дејствува во три секции реско изделени според возраста (од 50 до 60 години, од 60 до 70 години и од 70 до 80 години).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)