реклама ж.
рекламација ж.

реклама (ж.)

Еднаш во ноќта Во нашиот град, во нашиот град - светлосните реклами побарале пат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Пред мене излезе и рекламата во една туристичка агенција, која нуди зимски одмор во Крањска Гора и на Бохињ во нашата земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ме привлече рекламата и старинскиот изглед на таканаречениот „диско клуб“, кој го носеше името „Валенхоф ам Рајн“ и во чие Фоаје љубезно пречекува еден атлетски развиен млад човек, кој на секој љубопитен му врачува програма печатена на црно-црвена боја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Привлечната реклама ги вика младите да се спуштат во темнините, односно во полусветлените сали на диско-клубот, во кој таа вечер имаше многу гости.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ асфалтот на опустениот Град прелетуваа само рамномерните блесоци на светлечките реклами.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во болницата го држеа само за реклама на советската медицина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Евтин хотел. Ноќ. Од прозорецот се гледа светло од светлечки реклами.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Кога анонимниот уметник ја оформи оваа картонско-лимена реклама за бои, тој потсвесно посегна по елементите од колективната потсвест која сите ја имаме.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Американските реклами го артикулираат и истовремено го опслужуваат секој дел од телото посебно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мане го зема и го фрла низ прозорецот кон светлечката реклама.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Рекламата како да сугерира нова функција на телото, воинствена.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Единствена реклама која се однесува на не-телесната сфера на животот на Американецот е онаа што го учи како најевтино и најефикасно да телефонира!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Девојчето на рекламата го бои врвот на креветот - таа е сликар, како Suzanne (Невеста).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Можното изостанување на естетската реакција на рекламата се контролира со строги и недвосмислени слогани: „Тоа е убаво“ (This is beautiful!) Но како е со другите емоционални реакции?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ја изрецитирав мојата стандардна реклама за муштерии.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овие фотографии беа репродуцирани како илустрации за реклама во весникот, фалејќи го измислениот лик „Редуко“ и гледачите многу добро можеа да ја видат оваа реклама како и мене лично кога Вилијем Бендикс ќе го рашири стариот весник кој го закачивме на бродот. Таа улога беше голем успех.“
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Сериозноста на сликите и скулптурите досега нудеа, меѓу другото, бегство од светот на хамбургерите и евтините магазини, а најповеќе од постојаната пресија на рекламите, филмовите и телевизијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ама, да се договориме за цената. Многу големи филмски режисери прават мали реклами за големи пари.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Перцето ја кинеше хартијата на ситни ленти и распрскуваше мастило насекаде по излогот и рекламата, која и покрај тоа и понатаму можеше да се чита.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги носеле многумина, од дрводелците- авантуристи во канадските дивини, преку сафари фриковите во фазонот на мачо- мустаклијата од рекламата за Камел, до модерните припадници на џет-сетот кои во морски авантури тргнуваат со своите деветометарски јахти (можеби оттаму и другото име за овие мокасини - бродарици).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќе