редок прид.

редок (прид.)

А Неда, носејќи го на раце лесниот товар, силно офкајќи, се качи по ретките високи скали, гологлава... Нова стихија разнесе плачој.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Назад- зад куќарчето планина на која се гледа село со растурени куќи овде-онде е ретка шума.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По тоа пак си легна на грб и загледан во небото посипано со ретки ѕвезди си зарупка слатко од зелката.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Далеку назад останаа нивите и оризиштата а пред нив се спружи темно–зелено поле, како бескрајна нива, прошарена тек–тук со понекоја ретка врба.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој ќе се искиваше во дланките тресејќи ја главата како да клука, ќе ги избришеше темните танки усни и одново ќе мрднеше со ретките веѓи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ми се пофали и важно ги крена ретките веѓи над шашливите очи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Оздраве? љубопитно ме загледа како да сум ретка и скапоцена играчка. - Денеска првпат излегов.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие се велат чорбаџии. И нашите Сукаловци спаѓаат во овие ретки земјосопственици.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И на масата од даскалот Бино секојпат се наоѓаа по две три врбови шарени прачки, донесени од одлични ученици, и не беше редок случај да имаат тие работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чекаше да биде готов вујко му и гореше од желба што побргу да се јави на Слива и да ги види витолишките планини, покриени со вечно зеленило, а под нив селото, покриено со редок дим од двесте огништа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Ама не, бабо, какви овчари? се буни момчето и, божем налутено, го мести реденикот; потоа се присетува и ги открива ретките, бели заби: - Прашуваш ли за Овчаровиот баталјон?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Гостинот пак ги покажа забите; тие беа ретки и црни, насмевката му беше штрбава.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
По ѓумето се разлева ретка црвеникава светлина и се лепи по нашите лица како зажарена пајажина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Да се отиде првпат во села кои досега останале неограбени, тоа е редок случај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Немаше семејство да не приплоди барем четири, пет, шест деца, а не беа ретки и такви што водеа и по десет – дванаесет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ретки се луѓето, што можат да им дадат крила на своите страсти...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Коњ со минати подвизи и ретка сува грива.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сепак, над кадифестата муцка очите меко му светкаа, беа питоми и благи како да беше грло со свилена перјаница иако имаше шушкава и ретка грива.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Му покажуваа ретки вештини за да го вратат во живот и кога се уверија дека тој ги гледа како да се најнезанимливото чудо на светот, се распашаа и првпат во животот станаа насилници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе