регрутирање (ср.)
Авни ѝ кажа на Азра дека жените (ноќта тој требаше да помогне во нивното регрутирање за испраќање во странство и за давање услуги според договорот со Друштвото “Осамени срца”) веќе ги пренесол со комбето уште пред да падне мракот и дека тие чекаат во ресторанот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Работата со регрутирањето одеше како подмачкана, едноставно сиромашните деца беа мнозинство во земјата и немаа некој поголем избор освен да пристапат во гардата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Дури имаше еден промотивен спот за регрутирање на нови членови на гардата, во којшто долгокосо момче влегува во регрутниот центар со искинати фармерки и црна маица, а излегува од другата врата во маскирна униформа и уредно истрижан на единица.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Како што нагласив, преобраќањето на христијанското население во исламот, особено во доменот на регрутирањето на новите јаничари, ќе биде основа на најголемата дијаболизација, виктимизација, и на Османската Империја, во балканските историографии, но често и под влијание на европските?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)